Симов нов тренер на Македонија ЃП

March 13, 2023
1 min read

Скопскиот фудбалски прволигаш Македонија Ѓорче Петров го назначи денеска Горан Симов (47) за нов тренер на местото на Муарем Бајрами, кој во петокот поднесе оставка на должноста.

Симов се враќа во клубот во кој од 2005 до 2008 настапуваше на голманската позиција и со тимот од Ѓорче Петров го освои трофејот во македонскиот Куп во 2006.

Симов има уште еден куп трофеј како на тренер на Силекс, а во кариерата го предводеше и скопски Вардар.

Македонија ЃП е седмопласирана на табелата во Првата македонска фудбалска лига со 26 бодови пред следниот натпревар, в сабота, против Тиквеш на гостински терен.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НАГРАДА ОД 20.000 ЕВРА: Полицијата бара информации околу сторителите на пукањето во угостителскиот објект во Тирана

Следно

Вечерва во 360°: Вртоглави суми за надзорот над „Бехтел и Енка“ – 300 илјади евра по преговарач, 20 илјади евра месечно за надзорен инженер

Latest from Blog

Трамп: Мигрантите ја презедоа Франција, мора итно да ги затворат границите (ВИДЕО)

Во најновата објава на социјалната мрежа Truth Social, тој упати уште една остра порака до француските власти. „Мигрантите ја презедоа Франција. Тие мора да ги затворат границите, и тоа брзо!“, напиша Трамп.

Флик сака искусен лидер во одбраната: Ван Дајк е на радарот на Барселона

Ханси Флик веќе размислува за засилување на одбраната на Барселона за следната сезона, а едно од имињата што се поврзуваат со каталонскиот гигант е Вирџил ван Дајк. Според пишувањето на каталонскиот медиум
Go toTop