Силното невреме го поплави Нови Сад, две лица повредени

1 min read

Поради поплавите, предизвикани од обилните врнежи од дожд во делови од Србија, припадници на Министерството за внатрешни работи на земјата интервенирале на повеќе места, а три лица биле евакуирани. Неколку пати интервенирале и екипи на Брзата помош, а дошло и до верижен судир во кој едно лице е повредено. Според српското МВР досега не се пријавени жртви

Две лица се повредени во невремето што вчеравечер го зафати Нови Сад на северот на Србија, а во населбата Коцаљево поплавени се десетина куќи, јавува српскиот национален радиодифузен сервис – РТС.

Поплавените сообраќајници предизвикаа застои во главниот град на Војводина/Фото: Принтскрин

Поради поплавите, предизвикани од обилните врнежи од дожд во делови од Србија, припадници на Министерството за внатрешни работи на земјата интервенирале на повеќе места, а три лица биле евакуирани. Неколку пати интервенирале и екипи на Брзата помош, а дошло и до верижен судир во кој едно лице е повредено.

Според српското МВР досега не се пријавени жртви.

Дожд, како што пренесува РТС, и утрово врне во главниот град на Војводина, но со помал интензитет од вчера, кога за неколку минути бил поплавен речиси цел град.

Вчерашното невреме во Нови Сад траело два часа, проследено со силен ветер, а во делови паѓал и град.  

Поплавените улици предизвикаа застој во сообраќајот, кој во некои делови од градот бил целосно блокиран.

Поплави предизвикани од обилни врнежи од дожд изминативе денови ги погодија и Италија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Најмалку десет луѓе ги загубија животите, а неколку илјади се евакуирани во поплавите во регионот Емилија – Ромања на северот на Италија. Службите за цивилна заштита на земјата спасиле 500 лица загрозени од поплавите. Како последица на на невремето, 50 илјади граѓани останале без струја, а локалните власти предупредуваат дека ситуацијата може да се влоши.

И Хрватска продолжува да се бори со поплавите. Најтешко е на подрачјето на Карловац и Хрватска Костајница. Во Босна и Херцеговина, во подрачјето на општина Нови Град, западно од Република Српска, прогласена е вонредна состојба поради поплавите предизвикани од обилните врнежи од дожд.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Две недели по пад на авион: Чудесно преживување на четири деца во колумбиската џунгла

Следно

Модриќ: Анчелоти заслужува да остане во Реал

Latest from Blog