Силен земјотрес го погоди Таџикистан во близина на границата со Кина

February 23, 2023
1 min read

Кина го измери земјотресот со јачина од 7,2 степени, додека американскиот геолошки институт и ЕМСЦ објави дека бил со 6,8 степени по Рихтер. Засега нема информации за жртви, а се проверува материјална штета. Во дел од западниот кинески регион Ксинџијанг е запрен и железничкиот сообраќај

Силен земјотрес утрово го погоди Таџикистан, а затресе и дел од Кина.

Земјотрес бил со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата со епицентар на околу 82 километри од границата со Кина и со длабочина од 10 километри, објави кинеската државна телевизија „Си-си“ ТВ цитирајќи ги кинеските државни институции.

Геолошкиот институт на САД и Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), пак, објавија дека го регистрирале земјотресот со јачина од 6,8 степени и длабочина од 20 километри.

Во Таџикистан најсилно бил почувствуван во градот Мургоб со оглед дека епицентарот бил на 67 километри од него. Мургоб е главен на град на област во Таџикистан која е ретко населена односно има неколку илјади луѓе.

Засега нема извештаи за жртви.

Во Кина, пак, најсилно бил почувствуван во западниот кинески регион Ксинџијанг каде Одделот за железници повика на итно запирање на патничките возови кои сообраќаат по пругата во јужниот дел на регионот. Локалните власти проверуваат и дали има материјална штета односно дали е нарушена безбедноста на мостовите, тунелите како и на опремата за сообраќајна сигнализација.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Видео: Како ќе изгледа спортско-рекреативниот центар „Бранители“?

Следно

ЛУЃЕТО СЕ ГАЗАТ ЕДЕН ПРЕКУ ДРУГ ЗА ДА ИЗБЕГААТ – први снимки од силниот земјотрес во Таџикистан, сите се молат да нема посилен потрес од овој! (ВИДЕО)

Latest from Blog

Празнична посета: Коњановски на средба со муфтијата Расими во Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, по повод празникот Рамазан Бајрам, денеска го посети Битолското муфтиство на покана на муфтијата Амит Расими, каде присуствуваше на традиционалната празнична баклава. Коњановски изрази благодарност за

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја

„Секако, ќе продолжиме со нашата тесна заедничка работа насочена кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг“, рече Путин во пораката објавена од Кремљ, уверувајќи дека „ова несомнено одговара на фундаменталните

Општина Битола: Подобра инфраструктура за жителите на „Леринска“ и „Христо Узунов“

Во Општина Битола во тек се градежни активности за реконструкција на дел од коловозот на улиците „Леринска“ и „Христо Узунов“. Моментално, јавното претпријатие „Нискоградба“ работи на изведба на мешовита канализациска мрежа, која
Go toTop