Сиљановска Давкова го прими генерал Метин Ѓурак, началник на Генералштабот на Вооружените сили на Турција

October 16, 2024
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими генерал Метин Ѓурак, началник на Генералштабот на Вооружените сили на Република Турција.

На средбата беше разговаранo за севкупните билатерални односи меѓу двете држави во областа на одбраната, коишто бележат континуиран развој, во духот на НАТО сојузништвото и стратешкото партнерство во сите области од заемен интерес.

Во таа насока, претседателката Сиљановска Давкова го нагласи исклучително значајниот придонес на турските вооружени сили преку воено-финансиските договори, како и годишните планови за соработка кои обезбедуваат финансиска поддршка, воена опрема, одбранбени системи и обука на нашиот воен персонал.

Изразувајќи задоволство од непоколебливата и конкретна поддршка од Турција и турските институции од осамостојувањето на македонската држава, претседателката Сиљановска Давкова ја нагласи нејзината заложба за дополнително негување и зајакнување на блиските врски меѓу двете држави и за поттикнување на меѓусебни посети на високо ниво.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пронајден починат маж во својот дом во Делчево

Следно

Борел вели дека ЕУ инвестирала 10 пати помалку во воени иновации, во споредба со САД

Latest from Blog

Бразил воведува целосна забрана за обложување, на граѓанит еим се отпишуваат до 90 проценти од долговите

Овие потези доаѓаат пред претседателските избори следниот месец. Анкетите покажуваат тесна трка помеѓу сегашниот претседател и сенаторот Флави Болсонаро, најстариот син на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро. Онлајн обложувањето ќе биде забрането
Go toTop