Си-ен-ен: Бајден на самитот Г-7 најавил поддршка од САД за обукa на украинските пилоти за борбените авиони Ф-16 

May 19, 2023
1 min read

Обуката, според Си-ен-ен, нема да се одвива во Соединетите Американски Држави, туку таа ќе се спроведува во Европа. Сепак, како што се наведува околу новиот развој на настаните, во обуката ќе учествуваат и американски пилоти

Американскиот претседател Џо Бајден на лидерите на самитот Г-7 кој се одржува во Хирошима, Јапонија им рекол дека Вашингтон ќе ги поддржи заедничките напори на сојузниците за обука на украински пилоти за борбените авиони Ф-16, објави денеска Си-ен-ен, цитирајќи висок американски функционер.  

Американскиот претседател, Џо Бајден/Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Обуката, според Си-ен-ен, нема да се одвива во Соединетите Американски Држави, туку таа ќе се спроведува во Европа. Сепак, како што се наведува околу новиот развој на настаните, во обуката ќе учествуваат и американски пилоти.  

„Како што обуката ќе се одржува во текот на следните месеци, нашата коалиција на земји кои учествуваат во овој напор ќе одлучи кога всушност ќе обезбеди авиони, колку ќе обезбедиме и кој ќе ги обезбеди“,

вели неименуваниот висок функционер на САД за американската телевизија.  

Официјалниот претставник додал дека „до денес, Соединетите Држави и нашите сојузници и партнери се фокусирани на обезбедување на Украина со огромно количество на системи, оружје и обука што ѝ се потребни за изведување офанзивни операции оваа пролет и лето“.

„Дискусиите за подобрување на украинските воздухопловни сили ја одразуваат нашата долгорочна посветеност на самоодбраната на Украина“,

рекол тој.

Во март, двајца украински пилоти ја посетија американската воздушна база во Тусон, Аризона за евалуација, каде што користеа симулатори за летање. За обука на пилотите, Конгресот издвои средства од буџетот за 2023 година.

Вчера Си-ен-ен, повикувајќи се на извори запознаени со дискусиите,  објави дека администрацијата на Бајден им укажала на европските сојузници дека САД ќе им дозволат да извезуваат борбени авиони Ф-16 во Украина. 

Во средата британската влада објави дека премиерот на земјата Риши Сунак и  и неговиот холандски колега Марк Руте се договориле да формираат меѓународна коалиција за да ѝ помогнат на Украина во набавката на борбени авиони Ф-16. 

Соопштението на Даунинг стрит уследи по посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Велика Британија. Тој навести дека Киев наскоро би можел да добие борбени авиони Ф-16 и рече дека се надева на многу важни одлуки на оваа тема со британска помош. 

Украина веќе некое време бара да ги добие овие авиони за да ги зголеми своите капацитетите на своето воено воздухопловство. 

Борбените авиони Ф-16 ги произведува американската компанија „Локхид Мартин“ во Јужна Каролина. Администрацијата на Белата куќа покажуваше воздржаност околу барањата на Украина за испорака на борбените авиони, а дека нема промена во ставот на САД по ова прашање пред четири дена на прес-конференција потврди и портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган за „Си-ен-ен интернешнал“: Народот и во вториот круг ќе ја покаже силата на турската демократија

Следно

Ердоган почна да го поготува теренот за вториот круг на изборите: Денеска се сретна со кандидатот на Алијансата Ата  

Latest from Blog

Коњановски: Столици се поставуваат за минути, градот се гради со секојдневна работа

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, реагираше на герила-акцијата со бели столици поставени пред општинската зграда, на кои биле испишани имиња на проекти потребни за градот. Тој порача дека на столиците недостасувала важна

Од Валенсија и Кожани до Битола: Меѓународна соработка за посигурно водоснабдување

ЈКП „Водовод“ – Битола информира дека било домаќин на претставници од Политехничкиот универзитет во Валенсија, Шпанија, и Универзитетот на Западна Македонија во Кожани, Грција, во рамките на меѓународниот проект WATERVILL, кој го

Божиновска: Македонските енергетски приоритети ги претставуваме пред светските лидери

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествува на Лидерскиот самит во рамките на COP31 во Анталија, Турција, како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Според Божиновска,

ВЛЕН: Али Ахмети да поднесе оставка, документите ја откриваат соработката на ДУИ со српските центри на моќ

Коалицијата ВЛЕН побара оставка од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, обвинувајќи ја неговата партија за долгогодишна политичка и деловна соработка со структури поврзани со Србија. Од ВЛЕН тврдат дека документи покажуваат оти

Проданоски: Во Прилеп го одбележавме Денот на примирјето од Првата светска војна

На германските воени гробишта во Прилеп беше одбележан Денот на примирјето и им беше оддадена почит на жртвите од Првата светска војна. Градоначалникот Дејан Проданоски присуствуваше на покана на германската амбасадорка Петра
Go toTop