Швајцарците се жалат и за тревникот на стадионот во Луцерн, исто како и за Националната арена во Скопје

October 5, 2026
1 min read

Швајцарија ја совлада Словенија со 2-1 и стигна до три победи во Лигата на нации, но триумфот на домашен терен донесе и сериозна главоболка пред следниот натпревар. Теренот во Луцерн, според информациите е во очајна состојба, а уште поголем проблем е што на истиот стадион веќе во вторник ќе гостува Македонија.

Иако швајцарските репрезентативци не сакаа да бараат оправдување во условите за игра, јасно беше дека лошата подлога сериозно влијаеше врз нивната игра.

„Не беше воопшто лесно. Со нашиот стил на фудбал, на ваков терен нормално е да се случат една или две грешки. Но, на крајот мора да се навикнете, бидејќи и противникот игра на истиот терен“, изјави Ардон Јашари.

Сличен став имаше и Јохан Манзамби, кој нагласи дека професионалните фудбалери мора да бидат подготвени да играат во различни услови.

„Секако дека е тешко. Но, ние сме професионалци и знаеме дека терените не се секогаш идеални. Тоа не може да биде оправдување“, порача Манзамби.

Сепак, реалноста на теренот беше поинаква. Иако стадионот во Луцерн речиси две недели немаше натпревари или тренинзи, подлогата за само 90 минути се претвори во раскопано игралиште. При речиси секој дуел, промена на правец или подолго додавање, се одвојуваа парчиња трева.

Тоа беше особено проблематично за Швајцарија, која се обидува да ја контролира играта со посед и кратки додавања против екипи кои се повлекуваат длабоко. Селекторот Мурат Јакин претпоставува дека така ќе игра и Македонија. Интересно е дека Швајцарците се жалеа и на тревникот на Националната Арена „Тодор Проески“, но потоа лесно победија во Скопје.

Градот Луцерн, во соработка со приватна компанија, во изминатиот период работел на подобрување на тревникот, а на одредени делови дури била поставена и нова трева. Но, новите делови немале доволно време да се поврзат и стабилизираат со подлогата.

Особено загрижува фактот што Швајцарската фудбалска федерација има свој специјалист за терени, Пјер-Ив Бовини, кој секогаш пристигнува на стадионот околу два месеци пред репрезентативниот натпревар.

Тој со луѓето задолжени за одржување на теренот изработува план за подготовка, а состојбата на тревникот се следи и пријавува неколкупати неделно.

Сега, сепак, времето е најголемиот проблем. По натпреварот со Словенија, Швајцарија има само два дена за да го подготви теренот за Македонија.

Тоа значи дека тревникот во Луцерн ќе мора експресно да се доведе во подобра состојба, иако по само еден натпревар веќе беше сериозно оштетен.

За Македонија, пак, ваквите услови можат да бидат значаен фактор во натпреварот, особено ако теренот повторно не биде на потребното ниво. Во секој случај, нашиот национален тим вечерва ќе одржи официјален тренинг на стадионот во Луцерн и ќе се запознае со условите за игра на утрешниот меч.

Извор: sportmanija.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Светот се соочува со недостиг од рудници за бакар – „Иловица-Штука“ е еден од гринфилд потенцијалите

Следно

​Përplasje në Kuvend për propozimin e Bordit të ZRRE-së, opozita kritikon përzgjedhjen e kandidatëve

Latest from Blog

Светот се соочува со недостиг од рудници за бакар – „Иловица-Штука“ е еден од гринфилд потенцијалите

Глобалниот пазар на бакар се соочува со парадокс: побарувачката расте, а бројот на нови рударски проекти што можат навреме да обезбедат дополнителни количини е ограничен. На ова укажува и американската консултантска куќа

САД ги повлекоа сите свои бомбардери од британската воена база каде се случи инцидентот што го истражува полицијата

Во соопштението од официјален претставник на Пентагон се потврдува дека вчера ги отстраниле своите бомбардери – за кои се смета дека се околу десетина, од базата назад кон нивните матични станици во

Американскиот Балкански Трговски Центар направи ноќ за паметење во Чикаго

Американскиот Балкански Трговски Центар, (AБТC) на 2 октомври организираше елегантен и незаборавен Black-Tie Форум, во елитниот Union League Club во центарот на Чикаго, кој на едно место собра истакнати гости од светот
Go toTop