Шефот на Нетфликс поднесе оставка

January 20, 2023
1 min read

Оставката на Хејстингс се совпадна со објавувањето на деловниот извештај за четвртиот квартал од минатата година, кој покажа зголемување на бројот на претплатници за 7,66 милиони благодарение на сериите Хари и Меган и Среда

Коосновачот на Нетфликс, Рид Хејстингс, се повлече од функцијата извршен директор, Фото: EPA/GUILLAUME HORCAJUELO

Коосновачот на Нетфликс, Рид Хејстингс, се повлече од функцијата извршен директор на компанијата што го потресе Холивуд со стриминг на филмови и ТВ серии на интернет, но се соочи со проблеми со наплатата и опаѓање на гледаноста во изминатата година.

Досега Хестингс ја извршуваше функцијата извршен директор заедно со долгогодишниот соработник Тед Сарандос, кој сега оваа функција ќе ја дели со поранешниот главен оперативен директор Грег Питерс. Питерс и Сарандос беа промовирани во јули 2020 година, за време на многу предизвикувачки период за компанијата.

„Тоа беше огнено крштевање, поради ковид и предизвиците во нашиот бизнис“,

рече Хестингс, кој сега ќе ја извршува функцијата претседател на одборот на директори.

Оставката на Хејстингс се совпадна со објавувањето на деловниот извештај за четвртиот квартал од минатата година, кој покажа зголемување на бројот на претплатници за 7,66 милиони благодарение на сериите Хари и Меган и Среда.

Во првата половина од минатата година Нетфликс загуби претплатници, чиј број повторно се зголеми од јули до декември, но помалку од претходните години. На крајот на минатата година компанијата имаше 231 милион претплатници, 4,5 отсто повеќе отколку на крајот на 2021 година.

Во последните три месеци од минатата година, нето добивката на Нетфликс речиси се стопи во споредба со истиот период во 2021 година, лизгајќи се од 607 милиони долари на само 55 милиони долари. Приходите се зголемија за 1,9 отсто на 7,85 милијарди долари.

„2022 беше тешка година, со проблематичен почеток, но подобар крај. Веруваме дека изготвивме јасен пат кој треба да ни помогне повторно да ги зголемиме приходите“,

се вели во кварталното писмо на Нетфликс до акционерите.

За да го поттикне растот, Нетфликс во ноември воведе поевтина опција поддржана од реклами во 12 земји. Мрежата најави и мерки за спречување на споделување лозинка.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вечерва во 360° – Интервју со Муцунски: Што ќе прави ВМРО-ДПМНЕ кога и Алијанса ќе влезе во власта?

Следно

Коалицијата на Ковачевски се тресе: Трајанов вели дека нема да гласа за новата Влада, ако е не се запазени уставните начела

Latest from Blog

Шпанија систематски ги бара минералните богатства, Иловица останува едно од најзначајните наоѓалишта во Македонија

Шпанија планира да истражува 100.000 квадратни километри територија од воздух за да добие попрецизна слика за минералните ресурси скриени под земјата. Програмата, која опфаќа три геолошки зони во западниот и јужниот дел

Македонија меѓу најповолните за купување храна: Цените значително под просекот на ЕУ

Купувањето храна во Европа може да чини повеќе од тројно, зависно од земјата во која се полни кошничката. Швајцарија има највисоки цени меѓу анализираните земји, додека Македонија е меѓу најевтините, покажува анализата

Над 50 милиони денари промет и 273 трансакции на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 19.10.2026–22.10.2026, вкупниот промет изнесуваше 50.457.001,68 денари: 50.243.696 денари со акции и 213.305,68 денари со обврзници на

Милошоски: 23 Октомври е потсетник на жртвата и борбата за самостојна Македонија

Потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. „Македонија самата по себе е идеал. Внатрешната македонска револуционерна организација била и ќе биде историскиот

Гаши со честитка за 23 Октомври: Единството и меѓусебната почит се темел на заедничката иднина

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Во честитката, Гаши посочи дека празникот потсетува на истрајноста и храброста на генерациите кои се
Go toTop