Шефот на НАТО предупреди дека во наредните денови Бахмут може целосно да падне во рацете на Русија

March 8, 2023
1 min read

Kоментарите на Јенс Столтенберг уследија откако руската паравоената група „Вагнер“ која го предводи нападот на Бахмут, објави дека го освоила источниот брег на градот уништен во најдолгата битка од руската инвазија на Украина

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, предупреди дека по неколкумесечните интензивни борби, градот Бахмут во источна Украина би можел да падне во рацете на Русија во наредните денови.

Неговите коментари уследија откако руската паравоената група „Вагнер“ која го предводи нападот на Бахмут, објави дека го освоила источниот брег на градот уништен во најдолгата битка од руската инвазија на Украина.

Шефот на „Вагнер“ и сојузник на Кремљ, Евгениј Пригожин, денеска објави дека неговите сили го зазеле целиот источен дел на Бахмут.

Интензивните борби околу Бахмут се најдолгите и најкрвавите во руската инвазија која трае повеќе од една година

„Она што го гледаме е дека Русија користи повеќе војници, повеќе сили, а она што ѝ недостасува во квалитет се обидува да го надополни во квантитет, но не можеме да исклучиме дека Бахмут би можел да падне во наредните денови“,

изјави Столтенберг додавајќи дека тоа не мора да одразува каква било пресвртница во војната.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за Си-ен-ен кажа дека неговите вооружени сили се решени да останат во Бахмут, но предупреди што може да се случи доколку градот падне во рацете на Русија.

„Јасно ни е дека по Бахмут, руските сили би можеле да одат понатаму и да ги нападнат околните градови во регионот на Донецк. Би можеле да одат во Краматорск, би можеле да одат во Славјанск. По Бахмут, тоа ќе им го отвори патот на Русите кон другите градови во Украина, во правец на Донецк“,

рече Зеленски.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Светска премиера на „Бизнисот на задоволството“ на „Палм Бич“ во Флорида

Следно

Билетите за „Ел Класико“ се продадени за десет минути!

Latest from Blog

Гломазниот судски процес за трагедијата во „Пулс“ буди сомнежи: Правдата може да се изгуби во колективен заборав

Една година по кобниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, во кој згаснаа 63 млади животи, судскиот процес се наоѓа под лупата на јавноста и политичките чинители. Преобемниот обвинителен акт, кој опфаќа десетици

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп ги обнови корпите во Могилата на непобедените

Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Прилеп изврши замена на старите корпи за отпадоци со нови во паркот кај Могилата на непобедените, еден од најпознатите културно-историски и рекреативни комплекси во градот. Од претпријатието

Иран егзекутира човек обвинет за шпионажа за Мосад

„Смртната казна на израелски шпион, кој им обезбедувал на службениците на Мосад слики и информации за чувствителни области во земјата, беше извршена утрово откако помина низ законската постапка и доби одобрение од
Go toTop