Screenshot

Семос Едукација ги награди младите информатичари со ваучери

April 3, 2026
1 min read

(Скопје, 2.04.2026) – Семос Едукација ги награди младите информатичари што учествуваа на 37-миот Државен натпревар по информатика, кој се одржа на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје, во организација на Здружението на информатичари на Македонија (ЗИМ). Со овој чин, уште еднаш ја потврди својата посветеност кон поттикнување на младите таленти и развојот на дигиталната писменост во земјата.

Како дел од поддршката на натпреварот, Семос Едукација обезбеди ваучери за обука во Детскиот едукативен центар, со цел да ги охрабри најмладите учесници да продолжат да го развиваат својот потенцијал во областа на информатиката. Дополнително значење на оваа иницијатива ѝ дава фактот што 13 од вкупно 24 наградени ученици се дел од овој центар, што претставува силна потврда за квалитетот и резултатите од континуираната едукација.

 

 

„Работата со деца кои покажуваат интерес за информатика бара континуитет и правилно насочување. Токму затоа ни е особено значајно што голем дел од наградените ученици се дел од нашиот Детски едукативен центар, што е потврда дека кога талентот се препознава и се развива системски, резултатите се неизбежни“, изјави Елена Петковска, раководител на Детскиот едукативен центар.

Натпреварот обедини ученици од основно и средно образование, од шесто одделение до четврта година, кои ги демонстрираа своите знаења и вештини во информатиката, алгоритамското размислување и програмирањето. Како значајна платформа за млади информатичари, овој настан континуирано придонесува кон препознавање и насочување на идните ИТ професионалци.

На свеченото отворање се обрати Валентина Тасева, генерален директор на Семос Едукација, која ја нагласи важноста од континуирано вложување во знаење и развој на млади таленти – пристап што компанијата доследно го реализира преку своите едукативни програми.

Со ваквите иницијативи, Семос Едукација не само што дава поддршка на млади талентирани ученици, туку и активно придонесува кон создавање генерации кои ќе го движат дигиталниот развој на земјата

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОПШТИНА БИТОЛА НА ВРВОТ ПО ТРАНСПАРЕНТНОСТ, ОТЧЕТНОСТ И ИНТЕГРИТЕТ

Следно

Filipçe: Mickoski erdhi në pushtet me gënjeshtra për emrin

Latest from Blog

ОПШТИНА БИТОЛА НА ВРВОТ ПО ТРАНСПАРЕНТНОСТ, ОТЧЕТНОСТ И ИНТЕГРИТЕТ

Во извештајот кој го објави Државната комисија за спречување корупција се укажува дека редовното и проактивното информирање на јавноста претставува значаен инструмент за јакнење на институционалниот интегритет и за промовирање на култура

ИРГЦ: Ракети погодија тајно место за собирање на американски пилоти и инженери

Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) денеска објави дека ракети погодиле тајно место за собирање на американски летачки инженери и борбени пилоти пред една од нејзините бази во Обединетите Арапски Емирати, тврдејќи

СДС ни тогаш, ни сега ги негираат снимките на кои Дака вели дека на Заев му дал 300.000 евра и 2.000 метри квадратни земјиште

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение изнесе обвинувања за наводна поврзаност меѓу поранешната власт на СДСМ, предводена од Зоран Заев, и бизнисменот Миодраг Давидовиќ – Дака. Според партијата, „поврзаноста на владата на СДС под

Џејмс Родригез беше итно префрлен во болница по натпреварот со Франција

Играчот од средниот ред на колумбиската репрезентација, Џејмс Родригез, беше итно префрлен во болница по поразот од Франција на пријателски натпревар со 3-1. Колумбиската фудбалска федерација издаде официјално соопштение во врска со
Go toTop