Се вратија старите цени на полисите, ќе им се вратат ли парите на тие што платија поскапо?

May 10, 2024
1 min read

Осигурителните дружтва ги вратија старите цени за осигурување од автоодговорност при регистрација на возилата откако одлуката на Владата беше објавена во Службен весник.

Цените се вратени на ниво од 24 април кога беа зголемени за 15,4%.

Претходно Комисијата за автомобилска одговорност ѝ препорача на Владата да ги врати цените на авто-полисите.

Осигурителните компании реагираа на оваа одлука наведувајќи дека „претставува директна закана за финансиската стабилност на осигурителниот сектор, поставување во целост на регулаторно ограничување во ценовните политики што е спротивно на препораките на ЕК во извештајот за напредокот на нашата земја, кое може сериозно да ја доведе во прашање грижата за осигурениците“.

Не се знае што  ќе се случува со уплати на граѓаните кои ги регистрираа возилата со повисоко осигурување  во периодот од донесување на одлуката за зголемување на цената до вчера. Ниту владата, ниту осигурителните компании немаат одлука за тоа.

Граѓаните во периодот на повисоки цени на осигурувањето на возилата плаќаа повеќе од 840 до 1.600 денари.

Извор: alsat.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Паднато дрво од синоќешното невреме блокирало дел од улица во скопска Автокоманда

Следно

Белгиската телевизија го прекина преносот на Евровизија во знак на протест против израелските напади

Latest from Blog

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор

Андоновски од Политичкото собрание на ЕПП: Дигиталната трансформација е чекор кон ЕУ, но проширувањето мора да остане процес заснован на заслуги

Министерот за дигитална трансформација и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски заедно со пратеничката Иванка Василевска се учесници на Политичкото собрание на Европската народна партија (ЕПП) во Виена. Андоновски денеска учествуваше на

Коњановски: Битола е дел од европскиот културен дијалог преку изложбата „Инспирации“

Тони Коњановски заедно со претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски присуствуваше на свеченото отворање на изложбата „Инспирации“, која преку внимателно избрани фотографии ги претставува трите европски градови носители на титулата
Go toTop