Се работи на утврдување кривична одговорност за несреќата во Нови Сад- политичка одговорност мора да има

November 3, 2024
1 min read

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, изјави дека обвинителството и полицијата работат на утврдување кривична одговорност за несреќата во Нови Сад, дека нема бегање од одлуката за политичка одговорност и таа објективно ќе се согледа и ќе се утврди во наредните денови, јави дописникот на МИА од Белград.

Премиерот Вучевиќ додаде дека политичка одговорност мора да постои и дека треба да се направи на мирен и одговорен начин.

– Зборував со претседателот на Србија и таа одлука ќе ја донесеме со ладна глава, рационално, а не со твитови и објави на социјалните мрежи, изјави Вучевиќ за новинарите во Шангај, каде што учествува на кинескиот саем за увоз.

Тој посочи дека нема бегање од таа одлука и дека ќе биде резултат на одговорна политичка дискусија и објективна проценка на состојбите и дека тука не се работи за кривична, туку за политичка одговорност поврзана со менаџментот на државата, градот, ресорот или некоја фирма, и дека кривичното дело ќе го утврдуваат полицијата и обвинителството, односно судот.

– Ќе видиме каква ќе биде конечната одлука. Не се бега од тоа, не се краде време. Мислам дека најважно е да се разбере болката на семејствата на оние кои настрадаа, да се дозволи она што е дел од обичајот, дел од културата, а тоа е семејствата да можат на мир да ги погребаат и да ги испратат своите настрадани и сите да го почитуваат тоа, рече Вучевиќ.

Тој кажа и дека истрагата е во рацете на јавното обвинителство и полицијата, додавајќи дека бил информиран дека се сослушуваат и земаат изјави од сите кои се во синџирот на одлучување и носење одлуки за реконструкција или работи на железничката станица во Нови Сад.

– Многу работи се непознати во моментов и вистината мора да се каже. Никој не ги има сите податоци бидејќи навистина е многу сложено прашање дали е направено или не, ако е така кога е направено и што е направено, зборуваме за целата железничка станица, потоа како се случи несреќата, што се случи, како е можно конструкцијата да попушти, како е можно наеднаш да попушти…, рече српскиот премиер.

Тој забележа дека има спротивставени мислења од луѓето од струката и дека градежните стручњаци можат да помогнат и да кажат што се случило.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фидан: Туркије е посветена на силно партнерство со африканските земји

Следно

Трпеноски: Надлежните во Обвинителство итно да постапуваат по сомнежите за криминали во и од ФИТР

Latest from Blog

САД им ги укинаа визите на 27 лица- дистрибуирале порнографски слики со деца на „Дизни“ бродовите

Американската служба за имиграција и царина им ги одзеде визите на 27 лица, претежно од Филипините, вклучувајќи и некои кои работеле на бродови на „Дизни Круз Лајн“, под сомнение за примање, поседување,

Државата го турка проектот за рудникот Крстов Дол: Која е фирмата што ќе копа?

Владата им дозволи на Американците да истражуваат колку количества антимон останале во рудникот „Крстов дол“ кај селото Луке, Крива Паланка. За 5 милиони долари, тоа ќе го прави австралиска компанија, која ја

Интер со шампионска лекција за Лацио

И покрај фактот што тимот на Интер ја освои шампионската титула сезонава во Серија А, тоа не значи дека овој тим нема потреба повеќе да победува. Напротив, предмалку на гостувањето во Рим
Go toTop