СЕ ПРОДОЛЖУВА РОКОТ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ТРАКТОРИ, ПРИКОЛКИ И ДРУГИ МАШИНИ: Едногласно усвоен Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за возила

March 11, 2026
1 min read

Пратениците на денешната седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетски политики едногласно го усвоија Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за возила, по скратена постапка. Пратеникот во македонско Собрание, Кире Божиновски ја образложи потребата од донесување на законските измени на Законот за возила.

Божиновски рече дека со овој законските измени се решаваат две клучни прашања, а тоа се легализацијата на трактори, земјоделски приколки, како и за домување, мотоколтиватори, возила од категориите 01, 02 и Л, а воедно ќе се формираат регистри што ќе ги води ресорното министерство.

– Прво се овозможува дополнителен рок за легализација и утврдување на сопственичкиот статус на тракторите, тракторските приколки, мобилни машини, мотоколтиватори, приколки за домување, како и возила од категориите 01, 02 и Л. Имено во пракса, бидејќи постојат поголем број на започнати постапки и за незавршени постапки за легализација на вакви возила и на постапки што се во жалбена фаза предлагаме овој Закон да се усвои, рече Божиновски.

Тој додаде дека втората причина за донесување на ова законско решение е воспоставување на појасна рамка за овластување на застапници и независни институции и воведување на регистри што ќе ги води надлежното министерство. На тој начин ќе се овозможи и поголема транспарентност и контрола во водењето на постапките. Овие законски измени на Законот за возила немаат финансиски импликации врз буџетот на државата и се намалуваат ризиците поврзани со безбедноста на сообраќајот.

Предлагачи на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за возила, по скратена постапка се пратениците Биљана Кузманоска,  Благица Ласовска,  Златко Пенков,  Зоранчо Јованчев, Јулија Тушевска, Кире Божиновски, Моника Трајанова, Петар Ристески и Пеце Милевски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонски Концепт со ново раководство на Општинскиот комитет во Битола

Следно

Фото: Три брода се погодени со проектили во Ормутскиот теснец

Latest from Blog

Тоневски: Граѓаните и месните заедници клучни за развој на Пробиштип

Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски, денес оствари работен состанок со претседателите на месните заедници чиј мандат е истечен. На состанокот се дискутираше за отпочнување на постапката за избор на нови претседатели

Николоски: Стратешкото партнерство со САД гарантира развој и безбедност

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска остварил неколку средби на високо ниво во Стејт департмент на САД, каде разговарал за унапредување на односите меѓу Северна Македонија и Соединетите

Фото: Три брода се погодени со проектили во Ормутскиот теснец

Еден од нападите предизвика пожар на товарен брод, што предизвика евакуација на поголемиот дел од екипажот, објави Ројтерс. Тајландски брод во пожар Според два извори за поморска безбедност, целта на нападот бил

Македонски Концепт со ново раководство на Општинскиот комитет во Битола

Општинскиот комитет на Македонски Концепт (ОК на МК) во Битола со ново раководство. За координатор е избран Марјан Неделкоски, приватен стопанственик, дипломирал менаџмент на ФТМ Скопје, татко на две деца. Заменик координатор
Go toTop