Се подготвува ли закон за правична застапеност? – Минчев вели нема работна група за законот, Снопче демантира

October 28, 2024
1 min read

Министерството за јавна администрација не подготува Закон за правична застапеност што би го заменил балансерот. Министерот Горан Минчев истакна дека не треба да се брза со вакво законско решение и вели дека не ја видел нацрт-верзијата што ја подготуваат владините парнери од коалицијата ВРЕДИ.

Минчев додаде дека нема ниту работна група, но пратеникот Халил Снопче го демантира.

„Не, се уште не е формирана таква работна група, но јас сум сигурен дека во Владата има политички капацитет и можност да се дојде до едно сериозно, системско и квалитетно решение. Повторувам, не треба да се брза“, вели Горан Минчев.

„Сакам да го демантирам министерот ако рекол такво нешто, не сум го слушнал – таква работна група постои и се состои од претставници на коалицијата ВЛЕН, ВМРО-ДПМНЕ и од ЗНАМ. Претставник на ЗНАМ е самиот министер, господинот Минчев и досега таа работна група веќе има две средби одржано“, вели Халил Снопче.

Иако Минчев и Снопче не се со ист став дали таква група постои, сепак се согласни дека правичната застапеност е уставна категорија. Пратеникот одговори и зошто досега предлогот на коалицијата ВРЕДИ не е поставен на јавна дебата, иако според најавите дебатата веќе требаше да се одржи.

„Уставната гаранција за правична и еднаква застапеност треба да се реши со закон, значи формирана е работна група да има предлог којшто ќе биде сеопфатен и сеприфатлив, да не одиме еднонасочно“, вели Халил Снопче.

Министерот Минчев пак, вели дека најверојатно во иднина ќе се подготува Закон за правична застапеност, но не ја исклучува можноста балансерот да биде вграден преку измени во веќе постоечките закони за администрацијата, а не преку нов закон.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски дојде на власт и смени лента, договорот со Бехтел и Енка беше „историски криминал“, а сега е супер

Следно

Мицкоски- Борисов: Со заеднички напори и дијалог можеме да градиме подобра иднина за сите граѓани на нашите две земји

Latest from Blog

Меџити: Чаир се менува од темел – 1.400 метри нов водовод и целосно обновени улици

Во населбата Саат Кула во општина Чаир е реализирана целосна реконструкција на инфраструктурата, која, според градоначалникот Изет Меџити, опфаќа интервенции од подземната инфраструктура до целосно нов асфалт. Меџити посочува дека во рамки

Трамп ќе побара од европските земји да ослободат дел од своите резерви на дизел

Коментарот на американскиот претседател уследи откако министерот за финансии Скот Бесент ја повика Европа да се подготви за итно ослободување на залихите на дизел, тврдејќи дека американските земјоделци, возачи на камиони и

Сè помалку рудари во Македонија: вработеноста во секторот паднала за 8%, производството за 10,1% Бројот на вработени

Бројот на вработени во рударскиот сектор во Македонија бележи значително намалување, паралелно со падот на производството. Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2026 година бројот на работници во секторот
Go toTop