СЕ ОГЛАСИ ПОРАНЕШНИОТ НА ДРАГАНА ОД МОНАКО, НО ХАРИС ЈА ПРЕЛИ ЧАШАТА – Тони се правдаше дека не е со Мелина, пејачот имаше што да им каже на сите! (ФОТО)

1 min read

Пејачката Драгана Мирковиќ неодамна објави дека се разведува од бизнисменот Тони Бијелиќ, додека нејзиниот колега Харис Џиновиќ се разведе од модната дизајнерка Мелина.

Денеска Тони објави неколку фотографии од Монако, а според српските медиуми, неодамна во Монако отишла и Мелина, па и двајцата во ист период се во кнеевството. Оттука почнаа да се шират гласови дека тие двајца се заедно таму.

По ова, Бијелиќ се огласи на Инстаграм и порача дека нема вистина во целата таа приказна.

„Лага“ – напиша Тони и додаде – „Како е можно такви лаги?“.

Мелина по овој повод не се огласи, а Харис даде кратка изјава за шпекулациите дека неговата поранешна сопруга е во врска со поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ.

„Ве молам, оставете ме на мир, мене оваа тема апсолутно не ме интересира. Навистина не ме интересира“, рече тој кратко за Телеграф.

 

Извор: kurir.mk

Претходно

Надал го заврши своето учество во Барселона

Следно

Кафето „Арабика“ настанало со вкрстување на два други вида пред стотици илјади години

Latest from Blog