СДСМ: Вината за хаосот на Онкологија е кај Клековски, Стојковски и Таравари и треба да понесат одговорност

January 26, 2025
1 min read

Десет дена пациентите со метастатски канцер од целата држава да се оставени без потребната билошка терапија. Десет дена овие пацинети чии живот е загрозен, се оставени во незивесност. Оправдано е нивното стравување дека ваков недостиг на билошка терапија нема да случи и во иднина, велат од СДСМ во соопштение.

„Одговорноста за голготата низ која поминуваат онколошките пациенти е целосно кај власта поради неодговорното и ненавремено планирање и финансирање на јавните набавки за овие лекови.

Пациентите не само со недостиг на биолока терапија, се соочуваат со недостиг на здравствен кадар и елементарни услови за лекување.

Не е преземено ништо за да се заштитат пациентите, а доказ за ваквата негрижа е недостигот на соодветен план, функционален систем и регистар на пациенти, ненавремената набавка на лекови.  

Животите на луѓето се загрозени поради неспособност на власта.

Ветуваа реформи и современ здравствен систем. За седум месеци направија хаос.

Вината за хаосот на Онкологија е кај директорот на Онкологија, Стојковски, кај директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски и кај министерот Таравари и треба да понесат одговорност“, се вели во соопштението на СДСМ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

21-годишно момче следел 19-годишна девојка од трговски центар до зграда по што сексуално ја нападнал

Следно

Одложени неколку летови на Скопскиот аеродром

Latest from Blog

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ
Go toTop