СДСМ денес на конгрес ќе ја официјализира поддршката за втор мандат на Пендаровски

March 3, 2024
1 min read

СДСМ денес во 18 часот ќе одржи конгрес на кој се очекува да ја официјализира поддршката за втор мандат на актуелниот претсдетел, Стево Пендаровски.

Предвидено е најпрвин да се одржи работниот дел од Конгресот, по што медиумите ќе можат да го проследат обраќањето на поддржаниот кандидат за претседател на државата, соопшија од прес-службата на СДСМ.

Пендаровски во петокот објави дека ќе се кандидидира за втор мандат. Изрази очекување дека СДСМ ќе ја формализира поддршката за неговата кандидатура на конгресот, по што од понеделник ќе почне со разговори и со десетте партии од таа коалиција, кои најавиле дека ќе го поддржат во трката за претседател. Пендаровски ги повика граѓаните од 3 март да го поддржат и со собирање на потписи.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Албанската опозиција „Вреди“ го промовира Тараври за кандидат за претседател

Следно

Во Скопје 141 санкционирани возачи, 59 за брзо возење

Latest from Blog

Стабилизирани цените на горивата: Владата спречи ценовен шок и ги заштити граѓаните и економијата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната
Go toTop