Саудискиот принц стравува дека ќе биде убиен затоа што се залагал за нормализација на односите со Израел

August 15, 2024
1 min read

Саудискиот принц Мохамед бин Салман им порача на американските конгресмени кои дојдоа да го посетат дека си го ризикува животот залагајќи се за договор за нормализација на односите со Израел, пишува денеска Политико.

Лидерот на Саудиска Арабија разговараше за заканите со кои се соочува за да објасни зошто мора да се погрижи секој договор да вклучува јасен и неповратен пат кон идната палестинска држава, објави Политико, цитирајќи поранешен американски функционер запознаен со разговорите.

На една таква средба Бин Салман се осврна на случајот со египетскиот лидер Анвар Садат, кој беше ликвидиран од египетските фундаменталисти во 1981 година, по склучувањето на мировниот договор со Израел.

Тајмс оф Израел, пишува дека не се знае точно кога се воделе разговорите во кои саудискиот лидер споменал можност да биде убиен, со оглед на тоа што временската рамка за постигнување израелско-саудиски договор за нормализација на меѓусебните односи е речиси целосно затворена во последните месеци, велат извори во американскиот Конгрес.

Тие извори изјавија за „Тајмс оф Израел“ дека секоја шанса за постигнување договор е згаснат во јуни, со оглед на тековната војна во Газа и се помалиот временски период во календарот на Сенатот да закаже ратификација на американско-саудиската компонента на договорот, пред ноемвриските претседателски избори во САД.

-Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неколку наврати ја отфрли можноста да се согласи за формирање на идна палестинска држава, така што секој сличен договор е тешко да се постигне, оценува Тајмс оф Израел.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЦУК: 37 пожари на отворен простор, 14 се активни

Следно

ЦУК: Активни 12 пожари, седум се под контрола

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop