Сашо Пуљаревиќ на преведувачка резиденција во Скопје

May 10, 2023
1 min read

Во рамки на резиденцијалната програма на издавачката куќа „Готен“, поддржана од европската мрежа за превод и книги „Традуки“, на преведувачка резиденција во Скопје во мај престојува преведувачот од Словенија, Сашо Пуљаревиќ.

Во текот на својот резиденцијален престој, Сашо Пуљаревиќ ќе работи на преводот на словенечки јазик на романот „Лето во кое те нема“ од Петар Андоновски. Истовремено, Пуљаревиќ ќе има можност одблиску да се запознае со тековната книжевна продукција во Македонија, како и да се запознае писатели и уредници на издавачки куќи.

Сашо Пуљаревиќ (Љубљана, 1995) е преведувач и книжевен критичар. На Филозофскиот факултет во Љубљана завршил постдипломски студии по компаративна книжевност и јужнословенски студии. Пред сè се интересира за постјугословенскиот роман во контекст на односите помеѓу книжевноста, историографијата и сеќавањето. Во 2022 година бил дел од проектот „Младо перо“ и ја добил истоимената награда за млад книжевен критичар што ја доделува весникот „Дело“. Пишува книжевни критики за весникот „Дело“, за книжевното списание „Литература“ и за национално радио „АРС“. Освен од македонски јазик, преведува и од српски, хрватски, црногорски и босански јазик. Меѓу другите дела, ги има преведено романот „Министер“ на црногорскиот писател Стефан Бошковиќ и драмата „Ролеркостер“ на српската драматичарка Јелена Кајго. Македонскиот јазик го усовршувал на Зимската и Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СТОЕЧКИ ОВАЦИИ ЗА МОЌНАТА „НАБУКО“ – ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ОТВОРАЊЕТО НА МАЈСКИТЕ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ

Следно

Такер Карлсон се сели на Твитер

Latest from Blog

„Росатом“ евакуираше 163 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран

Нуклеарната централа Бушер неодамна беше погодена, а тоа беше единствената оперативна нуклеарна централа во Иран и во неа работат Руси. Шефот на „Росатом“ Алексеј Лихачев изјави дека околу 300 вработени на компанијата

Земјотрес вечерва ја стресе југоисточна Македонија

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почвтсвуван вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Go toTop