Санирана опасна ограда на мост во Ѓорче Петров

February 16, 2023
1 min read

Центарот за управување со кризи (ЦУК), по стигната дојава од совесни граѓани синоќа пред полноќ, презема координативни активности преку Секторот за операции и координација и регионалните центри на ЦУК за отстранување на опасноста на мостот – надвозник над железничка пруга на улица „Лука Геров“ на потегот меѓу цркавата „Свети Петар и Павле“ и населбата „Даме Груев“ во Оштина Ѓорче Петров.

Конкретно, по добиената информација за искорната ограда и „одбрусен“ – паднат страничен дел од мостот – надвозник веднаш е стапено во контакт со лицата за контакт од Општина Ѓорче Петров, при што бил добиен одговор дека најбрзо што може ќе преземат мерки и од нивна страна местото ќе биде обележано и обезбедено. Притоа,  информирале дека надлежноста за санација на мостот била на Град Скопје. Затоа, од страна на ЦУК е стапено во контакт со надлежните во Град Скопје, при што во многу краток рок екипа на градското јавното претпријатие  „Улица и патишта“ излегло на терен и хитно го санирало оштетувањето, но привремено, за веднаш да се отстрани опасноста по граѓаните. Тие информирале дека, според нивните оперативни процедури, потоа ќе следела нивна поопсежна акција и работа за целосно санирање на мостот – надвозник. Од утрово од увидот на лице место, согласно повратната информација до ЦУК, тие информираа за поставените привремени предупредувачки и заштитни бариери, а и со фотографија, за состојбата.

ЦУК, во оваа прилика, изразува благодарност за добрата соработка со институциите од Општина Ѓорче Петров и од Град Скопје, коишто согласно стандардните оперативни процедури, многу брзо ја отстранија опасноста за граѓаните, согласно заедничката координација остварена преку ЦУК и СОК, како сериозни делови од Системот за управување со кризи (СУК).

– Неодминливо, при ова информирање е да се напомене и дека граѓаните, самоорганизирани во „фејс“ групата Мое Ѓорче, покажаа голема одговорност за колективната безбедност во нашата средина, со правовременото и јасно информирање за опсноста на мостот – надвозник над железничка пруга на улица „Лука Геров“ на потегот меѓу цркавата „Свети Петар и Павле“ и населбата „Даме Груев“ во Оштина Ѓорче Петров, соопштија од ЦУК.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Ворнер брос.“ донира милион долари за погодените од земјотресот во Туркије

Следно

Нов бран руски ракетни напади врз Украина, погодена критична инфраструктура во Лавов

Latest from Blog

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе

Клековски им порача на крушевчани дека со смената на локалната власт во градот ќе направат уште повеќе

Членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Клековски денеска во посета на крушевските села и на самото Крушево со ветување дека кога ќе ја преземат локалната власт, ќе направат уште повеќе за

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди
Go toTop