САД ставија на црната листа пет поранешни бугарски функционери: Меѓу нив и двајца ексминистри

February 10, 2023
2 mins read

Двајца поранешни министри – еден од БСП и еден од ГЕРБ, експратеници од БСП, како и бивш директор на државната Нуклеарна централа на Бугарија, но и нивни компании, се најдоа на листата санкционира од САД

Покрај САД, санцкии денеска објави и Обединетото Кралство – станува збор за тројца олигарси, меѓу кои и поранешен пратеник од ДПС, а кои веќе од претходно се наоѓаат на американската црна листа

САД ја проширија црната листа со санкционирани бугарски државјани со петмина поранешни владини функционери поради нивна инволвираност во корупцијата во Бугарија.

Станува збор за Румен Овчаров, Александар Николов, Иван Генов, Николај Малинов и Владислав Горанов.

„САД го поддржуваат нашиот НАТО-сојузник Бугарија во борбата против вкоренетата корупција и руското влијание, кои ги поткопуваат демократските институции“,

вели заменик-секретарот за финансии за тероризам и финансиско разузнавање, Брајан Е. Нелсон.

Тој порачува дека има итна потреба да се уништат мрежите кои со години имаат недозволени активности, особено во енергетскиот сектор.

„Корупцијата му одзема на бугарскиот народ стотици милиони долари и го попречува инвестициите и економскиот раст на земјата“,

вели Нелсон.

Од американската влада објавија дека петмината санкционирани ексфункционери го отсликуваат степенот до кој корупцијата е вкоренета во министерствата,политичките партии и државните институции.

Кои се петмината санкционира бугарски политичари

Румен Овчаров

Румен Овчаров е дел од Бугарската социјалистичка партија (БСП) која денеска ја предводи Корнелија Нинова. Тој во моментов, според објавата од американското Министерство за финансии, е член на Националниот совет на БСП.

Неговата биографија, пак, открива дека претходно тој бил и пратеник, како и министер. Бил министер за енергија и енергетски ресурси во владата на Жан Виденов во 1996 и 1997 година, како и министер за економија и енергетика во владата на Сергеј Станишев во периодот од 2005 до 2007 година.

За него во соопштението од американското Министерство наведуваат дека тој постојано се занимавал со коруптивни енергетски договори со руски компании, примал мито во замена за договори со фиксна цена за руски гас и нуклеарно гориво. Се смета дека добил повеќе од пет милиони евра на офшор банкарски сметки откако бил на функцијата министер за енергија.

Александар Николов

Александар Николов, пак, е поранешен извршен директор и заменик-директор на Нуклеарната централа „Козлодуј“, единствената која е во државна сопственост. Таму тој работел дури 30 години, на различни позиции.

Иван Генов

Иван Генов, пак, исто така, е поранешен извршен директор на оваа Нуклеарна централа, а бил и пратеник од редовите на БСП во периодот од 2017 до 2019 година.

Николај Малинов

И Николај Малинов е поранешен пратеник од БСП, а сега е лидер на Русофилското национално движење. Тој е основач и претседател на политичката партија Русофили за преродба на татковината која се залага за поцврсти врски со Русија.

„Откако беше уапсен и обвинет за шпионирање во интерес на Русија и му беше забрането меѓународно патување во септември 2019 година, Миланов подмити бугарски судија за да му дозволи да отпатува во Русија за лично да го прими Медалот за пријателство од рускиот претседател Владимир Путин, заедно со награда од 2,5 милиони руски рубљу“,

пишува во соопштението на Министерството за финансии.

Владислав Горанов

Петниот санкциониран, Владислав Горанов, пак, е поранешен функционер од партијата ГЕРБ на Бојко Борисов. Тој беше пратеник, но и министер за финансии во втората и третата влада на ГЕРБ односно во периодот од ноември 2014 до јануари 2017, како и од мај 2017 до јули 2020 година.

САД сметаат дека тој ја искористил својата министерска функција за ја лиши Бугарија од даночните приходи од бугарските олигарси. Како министер за финансии, смета американската влада, тој бил дел од корупциска шема која овозможила да се исплатат десетици милиони евра на бугарски функционери во замена за поповолна легислатива за странки кои се дел од коцкарската индустрија.

Исто така, на листата санкционирани, САД сместија и неколку компании: четири контролирани или во сопственост на Милаков, како и една на Горанов.

Обединетото Кралство санкционира тројца бугарски олигарси

Покрај САД, санкции објави и Обединетото Кралство. Тие на листата сместија тројца корумпирани актери од бугарската јавна сцена за кои сметаат дека се инволвирани во сериозна корупција и злоупотреба на јавните финансии.

Станува збор за Васил Бојков, кој е истакнат бугарски бизнисмен и олигарх, Илко Жељазков, кој е поранешен заменик-началник на бугарската државна агенција за технички операции и Делијан Пеевски олигарх и поранешен пратеник од партијата Движење за права и слобода (ДПС).

Овие тројца, веќе од претходно се и на црната листа на САД.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бериша пред утрешниот протест: Сите со нетрпение го чекаат протестот, Рама веднаш да поднесе оставка

Следно

Заврши средбата Ковачевски-Таравари, потврден договор за коалиција

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop