САД: Најмалку три лица загинаа од торнада во сојузната држава Арканзас

April 1, 2023
1 min read

ХЈУСТОН (АА) – Најмалку три лица загинаа, а десетици се хоспитализирани откако неколку торнада ја зафатија американската сојузна држава Арканзас, јавува Анадолу.

Торнадата ги погодија главниот град Литл Рок и градот Вин, уништувајќи домови, превртувајќи возила и откорнувајќи дрвја.

Снимката од Вин покажа како бурата рамни цели блокови од градот и уништува згради додека се пробива.

Градот е „преполовен поради уништувањето од исток кон запад“, изјави градоначалничката Џенифер Хобс за Си-ен-ен. „Сè уште сме во режим на тријажа“, рече Хобс, објаснувајќи дека екипите за итни случаи сè уште работат на утврдување на размерот на предизвиканата штета и процена дали има други жртви или повредени.

Националната метеоролошка служба издаде десетици предупредувања за торнада низ јужниот и Средниот Запад на САД кои погодија милиони жители од Тенеси и Кентаки до Алабама, Мисисипи до Илиноис, Индијана и Мичиген.

Последните тешки временски услови доаѓаат една недела по серијата смртоносни бури што го зафатија југоистокот, каде што во во Ролинг Форк, Мисисипи, торнадо загинаа најмалку 26 лица.

Метеоролозите соопштија дека торнадата се движеле со максимална брзина од 281 километар на час.

Претседателот Џо Бајден го посети Ролинг Форк во петокот пред појавата на најновите торнада.

„Знам дека постои многу голема болка и дека е тешко да се поверува во момент како овој, но оваа заедница ќе се обнови, ќе се обнови и ќе се изгради подобро отколку што беше порано“, изјави Бајден пред новинарите.

„И само сакам да знаете, додека се борите да го надминете ова, не сте сами. Американскиот народ ќе биде со вас. Тие ќе ви помогнат да го надминете ова, исто и јас“, порача тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ново издание на 360°: Гордана Јанкулоска – меѓу вината, каењето и обесправеноста

Следно

Трамп се пофали дека собрал над 4 милиони долари од донации за 24 часа по веста за обвинението

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop