САД е можно да го забранат Тик-ток на национално ниво доколку кинеските сопственици не се повлечат од компанијата

March 16, 2023
2 mins read

Според „Волт стрит џурнал“, Комитетот за странски инвестиции на Соединетите Држави (CFIUS), кој ги надгледува ризиците за националната безбедност, едногласно препорачал излегување на „Бајт денс“ од сопственичката структура на Тик-ток. Портпаролот на Тик-ток не ги негирал наводите на весникот и потврдил дека компанијата била контактирана од CFIUS. САД веќе го забранија Тик-ток на уредите на федералната влада, но ова е прва закана од администрацијата на претседателот Џо Бајден за потенцијална забрана на апликацијата на национално ниво

Американските власти најавуваат дека ќе ја забранат социјалната мрежа за споделување видеа Тик-ток доколку кинеската компанија која е сопственик на платформата не се повлече од сопственичката структура и не ги продаде акциите, јавуваат светските медиуми.  

Илустративна фотографија/Фото: Архива

Барањето за промена на сопственоста првично беше објавено од „Волт стрит џурнал“, а дека САД имаат ваква намера потврдиле за Би-би-си од кинеската компанијата „Бајт денс“, која е сопственик на Тик-ток.  

Тик-ток подолг период се соочува со обвинувања од страна на американските власти, но и од други западни влади дека претставува ризик за безбедноста поради одлевање податоци собрани од милионите корисници кои можат да завршат во раце на кинеската влада. 

Засега сè уште нема коментар од Белата куќа во врска со наводите на „Волт стрит џурнал“.  

Според весникот, Комитетот за странски инвестиции на Соединетите Држави (CFIUS), кој ги надгледува ризиците за националната безбедност, едногласно препорачал излегување на „Бајт денс“ од сопственичката структура на Тик-ток. 

Портпаролот на Тик-ток не ги негирал наводите на „Волт стрит џурнал“ и потврдил дека компанијата била контактирана од CFIUS. 

Сепак, портпаролот, како што пишува Би-би-си, посочил дека има одредена доза пренегласеност во известувањето и дека не е јасно што значи терминот „продавање“ во пракса.  

 „Доколку целта е заштитата на националната безбедност, продажбата не го решава проблемот: промената на сопственоста нема да наметне никакви нови ограничувања на протокот на податоци или пристапот“,

изјавил портпаролот за Би-би-си. 

 „Најдобар начин да се одговори на загриженоста за националната безбедност е со транспарентна заштита на американските кориснички податоци и системи од самите САД“,

додал тој. 

Најавите за забрана за Тик-ток првпат се појавија за време на администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во 2020 година.  

Новите најави доаѓаат откако минатата недела во Сенатот на САД беше објавена нова легислатива која му овозможува на американскиот претседател да го забрани Тик-ток на национално ниво.  

Законот за ограничување ќе му овозможи на американското Министерство за трговија да ги прогласи компаниите поврзани со странство за ризични по националната безбедност, посочува британскиот национален сервис.  

САД веќе го забранија Тик-ток на уредите на федералната влада, но ова е прва закана од администрацијата на претседателот Џо Бајден за потенцијална забрана на апликацијата на национално ниво. „Гардијан“ пишува дека евентуалната забрана од САД би се соочила со значителни правни пречки.

Инаку, освен на уредените на вработените во федералните институции на САД, идентични забрани за администрацијата донесоа и Канада и Европската Унија.

Извршниот директор на Тик-ток, Шо Зи Че, следната недела треба да се појави и да сведочи пред американскиот Конгрес.  

Тој минатиот месец беше во Брисел на разговори со претставници на ЕУ, каде што доби предупредување Тик-ток да ја гарантира безбедноста на податоците за европските корисници. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Карпош ќе дава субвенции за замена на покриви и лифтови

Следно

САД се закануваат дека ќе го забранат ТикТок, ова е нивниот услов

Latest from Blog

ПАРИЗ ЈА ЗАПИРА ПОДДРШКАТА ЗА УКРАИНА, ако Ле Пен стане претседателка на Франција

Франција драматично ќе ја промени својата надворешна политика и целосно ќе ги замрзне сите финансиски и економски инјекции за Украина во рок од само шест месеци доколку таа победи на претстојните претседателски

Дебакл на италијанските екипи во ЛШ, Норвежаните покажаа дека може да парираат и на најдобрите

По комплетирањето на второто коло од Лига на шампиони, вкупно девет екипи имаат максимални шест бодови, а осум екипи немаат освоено ниту еден бод. Од 18-те натпревари кои се одиграа синоќа и

Иран со жесток одговор до САД : Пропаѓањето на нашата економија е илузија

Гувернерот на Централната банка на Иран, Абдолнасер Хемати, на состанокот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Бангкок во понеделник изјави дека тврдењата на САД дека економијата на Иран се урива се „илузии“,

„Ова не може да се спореди со ништо претходно, имотот на најпознатите американски брендови се уништува. Белата куќа молчи“

И покрај тоа што Русија ги интензивира нападите врз објекти во Украина поврзани со американски корпорации, американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација не реагираат на тоа на никаков начин, објавува CNN.
Go toTop