Сè повеќе Украинци би да ја бранат Украина од дистанца

March 27, 2023
2 mins read

„До сега Украина успеваше редовно да ги пополни своите редови, и главно успеа да го задржи повеќемесечниот руски јуриш на истокот додека чека прилив на десетици илјади нови свежи војници, голем дел од нив обучени на Запад, за започнување на планираната пролетна офанзива.

Но, додека анкетите покажуваат дека поддршката за одбранбените напори останува висока, расположливата резерва на волни волонтери изгледа слабее. Украинската популација е помалку од една третина од руската, без да се земеме предвид егзодусот на милиони од почетокот на војната, а типот на присила што се користи во рускиот авторитарен систем Киев тврди дека не е опција,“ пишува весникот.

Во февруари, три дена откако ја обнови мобилизацијата со која сите резервисти и здрави мажи до одредена возраст можат да бидат повикани да служат, Зеленски порача дека тие не можат како Русија со пендреци да ги натераат луѓето да одат во војна.

Украина пред почетокот на војната имаше војска од околу 260.000 војници, од кои до сега загинати се околу 100.000. Русија само во септември најави мобилизација на над 300.000 лица.

Од почетокот на војната Украина повеќе имаше проблем да ги опреми сите волонтери кои се пријавија за служење на фронтот отколку да ги собере. Потоа малиот пад на волонтери беше коригиран со маркетинг кампањи и многу поактивна работа на лицата задолжени за регрутација.

Во Украина денес добивање покана значи една од три работи. Најдобрата опција е дека си само повикан за апдејтување на твоите податоци. Второ е дека одиш на медицинска проверка за да се утврди твојата подготвеност за служење, а крајно е дека треба да се пакуваш и одиш во касарна на обука.

Вол стрит журнал пишува дека последниве месеци (во добар дел и заради мелницата која се случува во Бахмут) потенцијалните украински регрути се трудат на секој начин да избегнат средба со луѓето за регрутација за кои работата е завршена кога ќе ти ја дадат поканата, па макар била и на улица. Тие пишуваат за 25-годишен вработен во компанија за криптовалути во Киев, кој изминативе месеци избегнува кафулиња, ресторани и општо јавни простори за да избегне да биде викнат во војска. Негово оправдание е дека тој е многу покорисен за украинската војска таму каде што е, каде добро заработува и значителен дел од приходот го донира за војската.

Штета на регрутацијата предизвикаа неколку владини одлуки за кратење на бонусите за војниците кои не се на фронтот, воведувањето на построги казни за дезертирање, како и мноштвото видеа со непријатни инциденти во кои припадниците на армијата физички се пресметуваат со цивилите кои одбиваат да земат покана. Минатиот месец во западна Украина лице без раце е мобилизирано и прогласено за спремно за служба, а друг загинува на фронтот по само еден месец од мобилизацијата откако минал 10 дена на обука.

Тие што не сакаат да излезат на фронт до сега најдоа десетици начини како да ја избегнат должноста. Најголемиот број куртулија напуштајќи ја Украина, легално или не, уште во првите денови од инвазијата. Други гледаат да извадат некаков документ дека не се способни за служба, да платат човек што ќе ги избрише од систем или да се пријават како хуманитарни работници кои обично имаат повеќе работа на западот од земјата или во соседна Полска, од каде потоа бегаат каде можат.

„Се уште има константен прилив на волонтери во армијата, и голем број мажи сакаат да се борат. Анкетите покажуваат дека јавната поддршка за одбраната на Украина се уште е силна. Меѓутоа аналитичарите сметаат дека времето можеби не е на украинска страна која продолжува да губи голем број животи на фронтот, додека меѓу војниците расте незадоволството за условите во кои служат,“ пишува Вол стрит журнал.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Со 150. изведба на „Стјуардеси“ Театар Комедија го слави 11-от роденден

Следно

Израелскиот министер Бен-Гвир се закани со оставка ако се запрат измените во судството

Latest from Blog

Рама: Никогаш не сме биле поблиску до ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама, од Скопје каде што се одржува самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан, нагласи дека никогаш не сме биле поблиску до ЕУ. Рама вели дека има позитивна

Плажата Оревче ја најави секојдневната програма за летото 2025, многу причини за пливање и танцување

Плажата Оревче ја најави секојдневната програма за летото 2025, многу причини за пливање и танцување, а сите што веќе биле на оваа плажа знаат колку е добро да се танцува на Оревче

Младите и евроскептицизмот: Над 40% со позитивен став кон ЕУ, но без верба во брза ЕУ интеграција на земјата

Резултатите од онлајн анкета спроведена на крајот на месец јуни 2025 година со учество на над 1.000 млади лица од земјава потврдуваат постоење на евроскептицизам помеѓу младите луѓе, различни очекувања за членството

Натпреварот помеѓу Јувентус и Реал вечерва може да биде прекинат!

Осминафиналниот дуел од Светското клупско првенство меѓу европските гиганти Реал Мадрид и Јувентус, закажан за вечерва во Мајами (21:00 по средноевропско време), би можел да биде одложен или прекинат поради најавеното невреме.
Go toTop