Руската паравоена група Вагнер објави видео од борбите во украинскиот град Бахмут

1 min read

БАХМУТ (АА) – Руската паравоена група Вагнер објави денес видеоснимка од борбите во украинскиот град Бахмут, известува Анадолу.

На снимките може да се види како борец на Вагнер пука со „Метис АТГМ“, руски противтенковски наведувачки ракетен систем, гаѓајќи ги позициите во Бахмут.

На снимката исто така може да се видат уништените згради во напуштениот град додека звук на експлозија одекнува низ целото подрачје.

Челникот на паравоената група Вагнер, Јевгениј Пригожин, на 24 април изјави дека неговите сили во Бахмут „успешно се борат“ против украинската војска.

Руските сили со месеци се обидуваат да го заземат Бахмут, транспортен и логистички центар на украинскиот регион Доњецк.

Пригожин рече дека контраофанзивата на Киев ќе почне веднаш штом ќе ја истераат украинската војска од Бахмут.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

ЗЛАТЕН ОБЈЕКТИВ 2023 ЗА АНИМАТОРКАТА ТОНКИЦА МИТРОВСКА И ФИЛМСКИОТ КОМПОЗИТОР ЉУПЧО КОНСТАНТИНОВ

Следно

Кривична пријава за арачиновец кој сакал да земе кредит со личната карта на брат му

Latest from Blog