Русија започна вежби со интерконтинентални балистички ракети

March 29, 2023
1 min read

Во вежбите, како што соопшти руското Министерство за одбрана, ќе бидат вклучени 3 000 војници и околу 300 парчиња опрема. Плановите на рускиот претседател Владимир Путин се ракетниот систем „Јарс“, кој го замени системот „Топол“, да стане дел од руското „непобедливо оружје“ и главен столб на копнената компонента на нејзиниот нуклеарен арсенал

Русија започна воени вежби со својот интерконтинентален балистички ракетен систем „Јарс“ и неколку илјади војници, соопшти денеска руското Министерство за одбрана, пренесува Ројтерс.

Дел од руските ракетни системи на носачи на камиони/Фото: Принтскрин од видео на министерството за одбрана на Русија

Плановите на рускиот претседател Владимир Путин се ракетниот систем „Јарс“, кој го замени системот „Топол“, да стане дел од руското „непобедливо оружје“ и главен столб на копнената компонента на нејзиниот нуклеарен арсенал.

„Повеќе од 3 000 воен персонал и околу 300 парчиња опрема се вклучени во вежбите“,

се вели во соопштението на Министерството за одбрана објавено на Телеграм.

Вежбите, како што се наведува, вклучуваат сеопфатна контролна проверка на стратегиските сили на ракетната формација „Омск“ заедно со командно-штабната вежба со ракетната формација „Новосибирск“ опремена со системите „Јарс“.

За време на вежбите мобилните системи „Јарс“ ќе вршат маневри во три руски региони, соопшти Министерството, без да соопшти за кои региони станува збор.

 „Исто така, стратегиските ракетни единици во соработка со формациите и единиците на централниот воен округ и воздухопловните сили ќе спроведат низа мерки за камуфлирање и борба против современите средства за воздушно извидување“,

се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Постојат малку потврдени информации за тактичките и техничките карактеристики на мобилните интерконтинентални балистички ракетни системи „Јарс“, за кои се вели дека наводно имаат оперативен дострел од 12 000 километри.

Според воените блогери, системите се способни да носат повеќе нуклеарни боеви глави кои можат да бидат независно насочени и монтирани на носачи на камиони или распоредени во силоси.

Од почетокот на инвазијата на Украина во февруари минатата година, Русија спроведе многубројни воени вежби, самостојно или со други земји.

Москва, исто така, ги зголеми воените вежби со Белорусија, која граничи и со Русија и со Украина, спроведувајќи серија сеопфатни вежби во текот на изминатата година.

Белорусија вчера соопшти дека одлучила на нејзина територија да биде распоредено руско тактичко нуклеарно оружје, што претходно го најави претседателот на Русија Владимир Путин, а како одговор на западните санкции и военото засилување од страна на земјите членки на НАТО во близина на нејзините граници.

Американскиот претседател Џо Бајден изрази загриженост поради одлуката, иако Соединетите Држави рекоа дека нема индиции оти Русија е можно да употреба тактичко нуклеарно оружје во Украина.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Започна реконструкцијата на уште една фасада на станбен објект во Центар

Следно

Објавена body cam полициска снимка од пукањето во училиштето во Нешвил

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop