Русија протера четворица австриски дипломати

February 16, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Руското Министерство за надворешни работи денеска прогласи за персона нон грата четворица австриски дипломати, јавува Анадолу.

Во соопштението на својата веб-страница, Министерството соопшти дека австрискиот амбасадор Вернер Алмхофер бил повикан во врска со претходното протерување на четворица руски дипломати од Виена.

„Тој непријателски и неоправдан чекор нанесе сериозна штета на билатералните односи, кои и онака се во криза поради чекорите на австриската страна, и на меѓународната власт на Виена, која претходно се позиционира како непристрасна, неутрална држава и платформа за меѓународна дипломатија“, се истакнува од руското Министерство.

Се додава дека австриските дипломати треба да ја напуштат Русија до 23 февруари.

„На амбасадорот му беа предочени и новите потешкотии со обработката на визите за официјалните руски делегации кои патуваат во Виена за учество на мултилатерални настани, што е во спротивност со обврските на Австрија како место за меѓународни средби. Оваа ситуација нема да остане без последици“, нагласи Министерството.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган во Анкара оствари средба со пакистанскиот премиер Шариф

Следно

Возачите немаат трпение: Две тепачки за неколку часа на скопските улици

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop