Русија потврди дека презела контрола врз уште едно населено место во Украина

October 22, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Руското Министерство за одбрана денес потврди дека руските сили презеле уште една населба во источниот украински регион Доњецк, јавува Анадолу.

Министерството соопшти дека селото Новосадове преминало под контрола на Русија како резултат на операцијата спроведена од групата сили Запад.

Другите руски единици ги подобрија своите позиции, уништувајќи и земајќи како трофеи оружје и воена опрема од западно производство, објави воената служба.

„Од почетокот на специјалната воена операција, 646 авиони, 283 хеликоптери, 34.095 беспилотни летала, 583 системи за противвоздушна одбрана, 18.753 тенкови и други оклопни возила, 1.478 повеќекратни ракетни фрлачи, 16.530 теренска артилерија и минофрлачи, 27.468 специјални воени возила се уништени“, се вели во соопштението.

Украина допрва треба да ги коментира тврдењата на Русија, а независната проверка е предизвик поради тековните борбени активности.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитриеска- Кочоска на Годишните состаноци на ММФ и СБ, можност за средби со високи претставници на меѓународните финансиски институции

Следно

Скопје за прв пат домаќин на Конвенцијата на Европската атлетска асоцијација

Latest from Blog

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една

Пезешкијан од хотел во Њујорк ги откри плановите на Иран за убиство на Трамп и за нуклеарното оружје (ВИДЕО)

За време на обемното интервју, еден ден по обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации, Пезешкијан ги повтори добро познатите ставови на Иран за војната, неговата нуклеарна програма и внатрешното незадоволство. Тој,
Go toTop