Роналдињо создава Светска лига во уличен фудбал

1 min read

Некогашниот најдобар фудбалер во светот, Роналдињо ги прави последните подготовки пред стартот на новата Светска улична фудбалска лига.

Оваа лига треба да стартува пред крајот на 2023 година, а има за цел да им даде шанса на младите фудбалери да го истакнат својот квалитет и да може да го најдат својот пат до врвниот фудбал.

Организаторите потврдија дека лигата ќе стартува на крајот од оваа година, а сите оние кои што ќе сакаат да бидат дел од тоа, ќе имаат можност преку социјалните мрежи да се промовираат. Натпреварувањата во оваа лига ќе се играат во големи градови низ целиот свет.

„Веруваме дека ова е шанса која се дава еднаш во животот и сакаме да им дадеме да бидат фудбалери во иднина“, вели Роналдињо во најавата за новиот проект.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Судан: Воздушните напади се интензивираат – поранешен функционер вели дека конфликтот може да стане полош од оние во Сирија и Либија

Следно

Баерн Минхен прави трансфер на напаѓач на Астон Вила и ќе плати 70 милиони евра

Latest from Blog