Ристовски: Субвенциите ги заменија ваучерите за поправедна распределба на средствата

January 22, 2026
1 min read

Министерот за спорт, Борко Ристовски во вечерашното гостување на Канал 5 телевизија изрази задоволство од постигнатите резултати на македонската репрезентација на ЕХФ Еуро 2026.

– Со ваучерите се добиваше лист хартија и спортистите сами се снаоѓаа како ќе го реализираат. Ние направивме систем за никој да не е оштетен. Никој, па ни јас не може да влијаам. Тоа зависи од резултати. Критериумите се однапред утврдени. Сега има незадоволни затоа што претходно некоја комисија си ја договарала распределбата и затоа сега има обвинение за нив. Со новиот систем не може да има привилегирани, но мора да биде јасно дека не можеме да ги финансираме сите спортови. Некои само ќе ги помагаме. Олимписките спортови секогаш ќе бидат пред неолимписките, објасни Ристовски.

Лани беа исплатени 440 милиони денари, годинава првата транша ќе биде во февруари, во мај планираме да биде втората исплата и така да ги држиме клубовите во кондиција, но сè ќе зависи од Буџетот, додаде министерот Ристовски.

Се осврна и на спортската структура, состојбата на салите и базените во државата и нивната нефункционалност.

– Почнавме со реновирање на неколку спортски сали, градиме три нови сали и базени, но се соочивме со многу проблеми. Во Карпош базенот е готов пред пет месеци но немаше дадено одобрение од општината за струја и вода. Во Охрид базенот е почнат пред 8-9 години. Најдовме таму многу наоди за криминал. Во секој случај базенот ќе се догради. Таму има огромен проблем со машинството. Одиме со нов проект за загревање и штом ќе биде готов ќе продолжиме со работа. Исто така ја продолжуваме и доградбата на салата на УКИМ во интерес на студентите.

Ристовски најави и правно решавање на прашањето со сопственоста на сите спортски објекти со кои стопанисуваат разни концесионери кои објектите ги добивале за минимални закупнини и без обврска за инвестирање и ставање во функција на спортот.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Јанкулоска: СЈО се користеше за политички цели, не за правда

Следно

ЛЕ: Ц. Звезда славеше во Шведска и обезбеди најмалку плеј-оф, Лион и Астон Вила се во 1/8-финале

Latest from Blog

Комуналец – Прилеп: Во тек е санација и бојадисување на клупите во Паркот на револуцијата – Могила

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп ги информира граѓаните дека во Паркот на револуцијата – Могила се спроведуваат активности за санација и уредување на урбаната опрема. Како дел од редовното одржување на паркот, извршена

Божиновска: Новиот Закон за енергетика ја зајакнува сигурноста и ја забрзува транзицијата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска учествуваше на „IFC Day in North Macedonia“, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (IFC), членка на Групацијата на Светска банка, посветен на
Go toTop