Screenshot

Јанкулоска: СЈО се користеше за политички цели, не за правда

January 22, 2026
1 min read

Застарел дел од предметот „Талир 1“, поврзан со наводното нелегално финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде повторно разгледуван, а судењето ќе почне од почеток по шести пат.

Гордана Јанкулоска, поранешна министерка за внатрешни работи, оцени дека дел од случајот никогаш не требало да биде предмет на кривично гонење доколку надлежните се воделе според законот и правдата, а не според политички диктати.

„СЈО и сите таму беа ‘црпнати’ за да дадат одговор кој, кого и зошто незаконски прислушкувал со години, 24/7. Се занимаваа со се освен со тоа за што беа формирани. Водеа кадровска политика во политичките партии преку политички прогон, ‘билдаа’ партиски рејтинзи за изборни цели, преку закани и притисоци одбираа владини партнери не според освоени гласови туку според дневно политички потреби“, изјави Јанкулоска.

 

Таа нагласи дека проблемот не е ниту во Кривичниот законик од 2023, туку во правниците кои „во се гледаа математика и тераа политика, си кркаа незаконски бонуси и десет години парадираа до судовите како холивудски ѕвезди“. Јанкулоска оцени дека нивните кариери не биле градени на резултати или квалитет, туку на сервилност кон претходната власт.

 

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Објавени се номинациите за „Оскар 2026.“ – Дикаприо или Шаламе? (ВИДЕО)

Следно

Ристовски: Субвенциите ги заменија ваучерите за поправедна распределба на средствата

Latest from Blog

Божиновска: Новиот Закон за енергетика ја зајакнува сигурноста и ја забрзува транзицијата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска учествуваше на „IFC Day in North Macedonia“, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (IFC), членка на Групацијата на Светска банка, посветен на

Мери Младеновска-Ѓорѓиевска, адвокатка и поранешна министерка за правда, одликувана со орден „Витез од редот на Ѕвездата на Италија“

Со декрет на претседателот на Република Италија, Серџо Матарела, на адвокатката и поранешна министерка за правда, Мери Младеновска-Ѓорѓиевска, ѝ е доделено високото државно признание орден „Витез од редот на Ѕвездата на Италија“.

Проданоски: 10.000 тутунопроизводители од Прилеп добија субвенции

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, соопшти дека се исплатени субвенциите за реколтата од 2025 година за тутунопроизводителите, во вкупен износ од над 2 милијарди денари, наменети за повеќе од 15.000 корисници низ
Go toTop