РИА Новости: Првите доброволци од Србија започнаа борбена обука во регионот на Запорожје

January 18, 2023
1 min read

Во веста на руската агенција се додава дека српските доброволци заедно со борци од Русија учествуваат во сите борбени вежби на еден од полигоните во областа Запорожје за понатамошно учество во специјалната воена операција

Руската новинска агенција РИА Новости вчера објави дека во регионот Запорожје пристигнале првите доброволци од Србија. Тие, како што се додава во веста на руската агенција, ќе започнат борбена обука како дел од доброволниот баталјон „Судоплатов“.

Се додава дека српските доброволци заедно со борци од Русија учествуваат во сите борбени вежби на еден од полигоните во областа Запорожје за понатамошно учество во специјалната воена операција.

„Дојдовме да ги поддржиме руските браќа, како што добро се сеќаваме на настаните што се случија во Југославија во 90-ите. Се сеќаваме на неправдата што ја покажа НАТО кон Србија и ситуацијата во Косово. Затоа, дојдовме да го поддржиме рускиот народ во нивната фер борба. Украина, всушност е оружје во рацете на Западот против Русија“,

изјавил за РИА Новости еден од српските доброволци со ознака „Дунав“.

Вршителот на должноста гувернер на регионот Запорожје, Евгениј Балицки, како што објави ТАСС, потврдил дека Србите кои му се приклучиле на волонтерскиот баталјот „Судоплатов“ почнале да извршуваат борбена обука.

Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ во понеделникот изјави дека воените и цивилните безбедносни агенции на Србија ги следат и анализираат информациите поврзани со објавените видеа и фотографии на социјалните мрежи на наводни српски борци кои им се приклучиле на руските единици во Украина. 

„Во нашата земја е многу јасно дека учеството на српските граѓани во сите конфликти во други земји е забрането, а тоа со себе повлекува правни последици“,

рече тој.

Според кривичниот закон на Србија, за учество во оружени конфликти пропишаната казна затвор е од шест месеци до пет години, а осум години ако делото е направено во рамки на група. За организирање на заминување казната изнесува до десет години затвор.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Арсовска го разреши директорот на МКЦ, откако му ја врачи 13-ноемвриската награда

Следно

Запрена спасувачката акција во Дњепар: 20 лица и натаму се водат за исчезнати, шансите да се пронајде некој се нула

Latest from Blog

Николоски: Инфраструктурата и капиталните вложувања во фокусот на средбата со германските компании

Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски денеска остварила бизнис-средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија кои веќе работат во Македонија, информираше вицепремиерот Александар Николоски. Во фокусот биле можностите за

Проданоски: Со шведска поддршка градиме современ систем за управување со отпадот

Унапредувањето на управувањето со отпадот, можностите за нови инвестиции и користењето меѓународни фондови беа теми на работната средба на градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, со шведскиот амбасадор Ола Сулстром, заменик-министерката за животна

Божиновска: Заштитата на енергетската инфраструктура од сајберзакани е постојан приоритет

Заштитата на критичната енергетска инфраструктура мора да биде постојан приоритет, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на настанот „Сајбербезбедност во енергетскиот сектор: Од проценка до отпорност – Патоказ

Бакарот станува стратешка суровина за Европа: Македонија има потенцијал да биде дел од новите синџири на снабдување

Зголемената глобална побарувачка за бакар и други критични минерални суровини го става рударството во фокусот на европските економски и индустриски политики. Во услови на енергетска транзиција и брз технолошки развој, регионот на

Коњановски: Над 164 милиони денари за улична и патна инфраструктура во Битола

Над десет километри обновена и новоизградена патна инфраструктура, повеќе од три километри водоводна и канализациска мрежа и нови 220 паркинг места се дел од резултатите што ги издвојува градоначалникот на Битола, Тони
Go toTop