Резников: Развојот на украинскиот пазар на беспилотни летала е клучна област на делување

February 5, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Министерот за одбрана на Украина, Олексеј Резников, на состанокот рано утрово со развивачите и произведувачите во земјата рече дека развојот на украинскиот пазар на беспилотни летала е клучна област од работата на неговото министерство, пренесува Анадолу.

„Повторувам, независноста на воената индустрија е еден од елементите на одбранбената способност на земјата. И во моментов, една од клучните насоки на Министерството за одбрана е развојот и поддршката на украинскиот пазар на беспилотни летала“, рекол Резников, се наведува во соопштението на Министерството.

Резников нагласил дека од клучно значење е поддршката на украинскиот пазар на беспилотни летала, особено преку дронови со широк опсег на примена, во воздух, копно и вода.

„Се работи за приспособување на артилеријата и за нанесување штета на непријателот [дронови за напад] и за испораката на воена опрема, евакуација на повредени и слично“, истакна тој.

Украинскиот министер, исто така, нагласил дека потребите на украинските одбранбени сили се мерат со стотици илјади беспилотни летала „со различни модификации“.

„Работата на затворање на овие потреби продолжува. Конкретно, за време на осуммесечната војна во полни размери, ставени во функција беа повеќе беспилотни летала отколку во последните 5 години“, рече тој.

Во соопштението се додава дека Резников им предал сертификати за регистрација за стандардни продукти на голем број производители, дозволувајќи тие производи да ги користи војската.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бугарите даваа 200 евра за идентитетот на полицаецот кој ги апсеше – Николовски им го даде за без пари!

Следно

ОМО Илинден Пирин: Има камери, бугарската полиција брзо да открие кој го скрши стаклото на македонскиот клуб во Благоевград

Latest from Blog

САД ги повлекоа сите свои бомбардери од британската воена база каде се случи инцидентот што го истражува полицијата

Во соопштението од официјален претставник на Пентагон се потврдува дека вчера ги отстраниле своите бомбардери – за кои се смета дека се околу десетина, од базата назад кон нивните матични станици во

Американскиот Балкански Трговски Центар направи ноќ за паметење во Чикаго

Американскиот Балкански Трговски Центар, (AБТC) на 2 октомври организираше елегантен и незаборавен Black-Tie Форум, во елитниот Union League Club во центарот на Чикаго, кој на едно место собра истакнати гости од светот

Ѓоковиќ против Медведев ќе игра за историја, квотите велат Русинот е фаворит

Најуспешниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, откако вчера го совлада Александер Зверев за 32-ра победа на 32-риот свој меч во Пекинг, денеска има нов предизвик, игра полуфинале со Данил Медведев и продолжува
Go toTop