Рекордна загаденост на воздухот во Њу Делхи – 60 пати над максималниот праг

November 18, 2024
1 min read

Загаденоста на воздухот во Њу Делхи утринава достигна ниво што е 60 пати над максималниот праг поставен од Светската здравствена организација (СЗО), покажуваат мерењата спроведени од компанијата IQAir.

Концентрацијата на ПМ2,5 микрочестички (најопасни затоа што влегуваат во крвта) измерена утринава на одредени мерни точки од мегаполисот во кој живеат околу 30 милиони лица, изнесува 907 микрограми на метар кубен воздух.

Повеќето училишта во областа денеска се затворени, сообраќајните ограничувања се зајакнати и се препорачува работа од далечина до понатамошно известување.

Секоја зима Њу Делхи се соочува со пикови на загадување предизвикани од отровните испарувања од фабриките и патниот сообраќај, на кои во овој период од годината се придодаваат и пожарите од сезонското палење на земјоделските површини.

Локалните власти уште синоќа ја активираа фазата 4 од нивниот план за предупредување „за да се спречи натамошно влошување на квалитетот на воздухот“.

Густа покривка од токсичен смог денеска зафати повеќето делови од северна Индија. Смогот, отровна мешавина од чад и магла, секоја зима се формира додека студениот воздух ја задржува прашината, емисиите и чадот од нелегалното палење на полињата на фармите во некои околни држави.

Видливоста опадна на 100 метри во Њу Делхи и Чандигар, град северозападно од главниот град, но властите соопштија дека летовите и возовите продолжија да работат со одредени задоцнувања.

Индиското тело за контрола на загадувањето соопшти дека 24-часовниот индекс на квалитетот на воздухот во главниот град (AQI) е 484, што е класифицирано како „тешко“, највисоко оваа година.

Според рангирањето на швајцарската групација IQAir, Њу Делхи е најзагадениот град во светот со квалитет на воздух од „опасни“ 1081 и концентрација на ПМ2,5 честички – честички со пречник од 2,5 микрони или помалку кои можат да влезат белите дробови, предизвикувајќи фатални болести и проблеми со срцето.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хамилтон: Колапинто настапува неверојатно, иако немаше можност да се подготвува за Ф1

Следно

ДЕНОНОЌНО СЕ РАБОТИ: Со зголемено темпо продолжуваат градежните активности на Коридорот 8 (ВИДЕО)

Latest from Blog

Божиновска: Модернизацијата на енергетиката продолжува со нови проекти

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски, присуствуваше на свеченото отворање на новата 100/35 киловолтна трафостаница „Централна“ во Скопје,

Божиновска: Зелената транзиција клучна за иднината на енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со делегација на Светска банка, предводена од Xiaoqing Yu, на која беа разгледани клучните енергетски проекти во државата. Како што

Коњановски: Битола вложува во младите и нивната благосостојба

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, се обрати на завршниот настан од проектот „Младите и менталното здравје“, во кој општината беше партнер, а кој се реализираше во соработка со битолските средни училишта
Go toTop