Расте бројот на жртвите во Централа и Источна Европа по поплавите

September 17, 2024
1 min read

Расте бројот на жртвите во Централа и Источна Европа по поплавите. Во Полска, каде што веќе има големи штети, Одра му се заканува на Вроцлав, град со 600.000 жители. Во Чешка се заканува Влтава. Во Австрија дивеат планинските водотеци. Будмпешта се подготвува за поплавата на деценијата. Хрварите и Србите се поспокојни, но подготвени.

– Имаше предупредувања дека ќе има мало невреме, но ова е големо невреме. Имамве три до четири часа да се спакуваме и ги напуштиме нашите домови. Но кога тргнавме да излезме веќе улиците беа преплавени со вода, бидејки водата се креваше.

– Се е оштетено. Се што имавме, паари, заштеда, сега немаме ништо. 

– Водата навлезе во мојата куќа, телефонските линии не работат. Немаме вода за пиење, ниту пак електрична енергија.

Во Полска, поплавите имаат катастрофални последици, особено во јужниот дел на земјата. Големи реки како Висла и Одра почнаа да се излеваат, носејќи со себе сè што ќе најдат на својот пат. Поради брзиот пораст на нивото на водата, многу луѓе се евакуирани од своите домови. Полска издвои 260 милиони долари за штета, бидејќи владата прогласи состојба на природна катастрофа. 

– Засега собравме пари за луѓето и местата кои се погодени од поплавите. За да им се помогне имаме издвоено  260 милиони долари. – изјави Доналд Туск  премиер на Полска.

Поплавени градски области, транспортот речиси целосно парализиран, ваква е состојбата во Чешка. Главниот град Прага, исто така се соочува со сериозна закана. Во критичните зони населението веќе се евакуира.Австрија е погодена со сериозни поплави, особено во регионот на Тирол. Иако обилните врнежи што ги донесе циклонот Борис во Австрија во изминатите неколку дена претежно престанаа во текот на ноќта, ситуацијата со поплавите се уште е тешка. Во Унгарија денеска, поради обилните дождови што ги донесе циклонот Борис стапи на сила предупредувањето за поплави од трет, највисок степен долж сите сектори на Дунав во Будимпешта, а унгарскиот премиер Виктор Орбан свика состанок на оперативното тело одговорно за заштита од поплави. 

– Утврдени се итни задачи и одобрени се плановите за заштита од поплави во наредните денови. Искористени сите технички и финансиски средства потребни за заштита од поплави. – рече Орбан.

Во Хрватска е подобра од таа во регионот, но ситуацијата ќе биде појасно кога водедниот бран на Дунав ќе пристигне на 25 септемрви во Батина, каде што се очекуваа рекорден водостој од 7,50 метри. Последен пат вакви водостои се регистрирани во 2013 година. И на Србија и се закануваат поплави особено во деловите покрај реките Дунав и Сава. Владините институции веќе преземаат мерки за заштита на критичната инфраструктура, а исто така се подготвуваат и евакуациони планови.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министерството за здравство донесе одлука која компанија ќе ја мести компресорската станица

Следно

Влада донесе одлука за формирање на Совет за управување со јавни финансии

Latest from Blog

Полицаец си ја убива партнерката за време на потера во Чикаго (Вознемирувачко видео)

Објавена е брутална снимка од камера на телото што го покажува моментот кога полицајката Кристал Ривера паѓа мртва откако е застрелана од нејзиниот партнер, Карлос Бејкер, за време на потера во Чикаго.

Брзата реакција на пожарникарите и екипите од Македонски шуми спречи да се прошири пожарот во општина Липково

Брзата реакција на пожарникарите и екипите од Македонски шуми спречи да се прошири пожарот кој денеска избувна во општина Липково. Пожарот настана по вчерашната акција на Скопска Црна Гора за лов на

Шефот на ФБИ се заканува со тужба на списание, кое објавило дека е често пијан

Пател ги нарече обвинувањата лажни и вети дека ќе се бори против обвиненијата, објави „Хил“. „Се гледаме на суд, ти и целата твоја свита на лажно новинарство… Продолжете со лажните вести, стандардот
Go toTop