Расфрланите мртви тела на подот во загрепската болница можно е да се подметната сцена – вели градоначалникот Томашевиќ

April 29, 2023
2 mins read

Првиот човек на одделението за патологија тврди дека сигурно се почитува правилникот, а од друга страна, она што е чудно е што читателот што ги доставил снимките тврди дека се стари две недели, што не може да биде вистина, бидејќи во последниот месец таму воопшто немало ситуации каде телата би биле надвор од уредите за ладење, а не, пак, на под – вели градоначалникот на Загреб

И денеска реакции на снимките од починати пациенти наредени на подот во болницата „Свети дух“ во Загреб. Управата на болницата поднесе кривична пријава против непознат сторител за да се утврди дали некој намерно ги извадил телата од ладилниците, а потоа ги снимал на подот на болницата.

Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, вели дека звучи морбидно, но дека е можно мртвите тела поставени на подот на фотографиите да се подметнати поради што полицијата треба да спроведе истрага и да го расветли случајот до крај.

Томислав Томашевиќ, фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

„Звучи неверојатно и морбидно, но можно е од аспект на контекстот, а контекстот е следен – директорката на ‘Свети дух’ ја презеде функцијата пред нешто повеќе од една година и ‘Свети дух’ беше единствената болница во Загреб каде што жените не можеа да го остварат правото на абортус“,

изјави Томислав Томашевиќ, градоначалник на Загреб.

Интересен е и тајминггот на објавување на фотографиите, вели тој.

„Снимките се појавуваат во медиумите на денот кога во Собранието се одлучува за наградите на Град Загреб за 15 поединци и групи, меѓу кои и директорката на ‘Свети Дух’ која е во два отсто од најцитираните научници во светот“,

коментира Томашевиќ.

На новинарско прашање дали директорката на болницата треба да си замине, тој одговори со контрапрашање – дали некоја кривична пријава завршила со обвинителен акт и дали се потврдило нешто за што била обвинета.

„По објавувањето на снимките во јавноста, побарав отчет од директорката на болницата, која, пак, побара отчет од началникот на одделението за патологија, кој тврди дека за цело време се почитува правилникот за постапување со починати пациенти, според кој, телата мора да се чуваат во уреди за ладење или ако тој ден, за жал, починале многу пациенти, телата мора да се чуваат на маси предвидени за тоа, покриени со чаршаф“,

вели градоначалникот на Загреб.

Според објавените снимки, вели тој, излегува дека на падот имало седум тела.

„Тоа би било апсолутно прекршување на прописите на болницата и грубо кршење на работните обврски. Првиот човек на одделението тврди дека сигурно се почитува правилникот, а од друга страна, она што е чудно е што читателот што ги доставил снимките тврди дека се стари две недели, што не може да биде вистина, бидејќи во последниот месец таму воопшто немало ситуации каде телата би биле надвор од уредите за ладење, а не, пак, на под“,

рече тој.

Државната инспекција, вели тој, била таму ненајавено во март, во април и повторно ненајавено вчера и не констатирала апсолутно ништо што би било спротивно на каков било правилник или пропис.

Управата на клиничката болница „Свети дух“ вчера извести дека до загрепската полиција поднела кривична пријава против непознат сторител со цел да се утврди дали некој намерно ги извадил телата на починатите од уредите за ладење, а потоа ги снимал на подот во болницата.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фото | Сведоштво на мајка и ќерка од скопско: Со тупаници и стапало нѐ удираше во лице, а уште шета слободно

Следно

Расфрлените мртви тела на подот во загрепската болница можно е да се подметната сцена – вели градоначалникот Томашевиќ

Latest from Blog

Оваа Шпанија е како казнена експедиција, никој ништо не и може, па ни Мбапе!(ФОТО)

ФОТО:x.com/SpainIsFootball Мајсторија, тимска игра, доминација, брутална лекција, казнена експедиција…ова се генерално заклучоците од првото финале на СП. Шпанија по вторпат по својата историја, по 2010, ќе атакува на својата втора титула и

Сè повеќе Германци не сакаат во војска

„Во првите шест месеци од оваа година, примивме 5.862 барања, што е многу повеќе од минатата година, кога беа примени вкупно 3.879 барања“, се вели во соопштението на Федералната канцеларија за семејни

Завршија градежните работи на пругата Скопје – Битола – Жабени, од утре ќе почнат да сообраќаат возовите на релација Скопје – Битола и и Битола – Скопје

ЖРСМ Инфраструктура информира дека по завршените градежни работи на пругата Скопје – Битола – Жабени, во делот од станица Бакарно Гумно до товариште „Никола Карев“, од утре, 15 јули 2026 година, ќе

Полувреме: Ојарзабал од пенал за водство на “Фуријата“, “страшната“ Франција е непрепознатлива!(ВИДЕО)

ФОТО:x.com/SpainIsFootball Франција – Шпанија 0:1 е резултатот по првото полувреме од првото полуфинале кое се игра во Далас. Се играше 20.минута кога Дињ го фаулираше Јамал за чист пенал за “Фуријата“. Ојарзабал

Норвешката принцеза доби трансплантација на бели дробови: Длабоко сум благодарна

52-годишната принцеза е „најдобра колку што може да се очекува под овие околности“, соопшти палатата. Таа ќе ги помине следните шест месеци во рехабилитација, а нејзиниот напредок ќе биде внимателно следен за
Go toTop