Прв случај на каснување од змија во Скопје, ЦУК со апел да се внимава при прошетки во природа

June 21, 2024
1 min read

Педесет годишен маж кој престојувал во затворот „Идризово“ во вторникот пријавил дека е каснат од змија.

Ова денеска го соопштија од Итната медицинска помош во Скопје, од каде велат дека ова е првиот евидентиран случај на каснување од змија, откако Центарот за управување со кризи (ЦУК) изминатиот период постојано апелира за појава на змии во населените места, особено низ населбите во главниот град.

„По пријава дека маж е каснат од змија, со возило на Брза помош, лицето е пренесено на лекување на Инфективната клиника во Скопје. Таму ќе биде на неколкудневен третман и опсервација“, велат од Итната медицинска помош.

Оттаму апелираат граѓаните да внимаваат каде се движат при престој во природа, како и да носат соодветна облека со цел да се заштитат од каснување од змии.

Изминатите денови, како што велат од Итната медицинска помош, е зголемен бројот на повици и на интервенции. Според лекарите, има зголемен број на сообраќајни незгоди, повреди од паѓање од тротинети, зголемен број на повизи за колепси на јавни места поради летните горештини.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) пред неколку дена упатија апел да се внимава при прошетки во природа поради присуство на змии. Оттаму велат дека змиите најчесто бегаат од луѓето, но доколку бидат вознемирувани или случајно нагазени или наседнати тогаш може да нападнат и да каснат.

Во таков случај, додаваат од ЦУК, граѓаните по укажаната прва самопомош корисно е да се јават на единствениот телефонски број за итни случаи 112 од каде ќе бидат поврзани од итната медицинска служба и ќе добијат совет за понатамошен третман.

Особено е важно, велат од ЦУК, граѓаните да добијат медицински третман што поскоро доколку се каснати од змија која е отровна. Во земјава има 16 видови на змии, а 5 од нив се отровни. Станува збор за шарката, остроглава шарка, длабокочелен смок, мајча змија и поскокот кој има најсилен отров.

 

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Се враќа струјата во Хрватска и БиХ, „падна далноводот меѓу Грција и Албанија“

Следно

СЕ Е ПОЗНАТО: Еве дали Мбапе ќе стартува против Холандија

Latest from Blog

Проданоски: Институциите во Прилеп се целосно подготвени за справување со пожари

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, соопшти дека Општината е целосно подготвена за превенција и справување со пожари на отворено во пресрет на летната сезона, по денешниот координативен состанок на Општинскиот штаб за

Над 38,8 милиони денари промет на Македонската берза, индексот МБИ10 во пад

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 29.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.535,52 поени. Во однос

Денеска на Мундијалот: Со самба против “Самураите“, Германија треба и мора, дербито е Холандија – Мароко

ФОТО:facebook.com/Brasilnationalfootballteamforever/ Во текот на денешниот ден на програмата се три супер интересни мечеви од 1/16 финалето на Мундијалот. Бразил – Јапонија, Германија – Парагвај и Холандија – Мароко. Бразил, предводен од Карло

Татко и син спасени во Венецуела четири дена по земјотресот

Тие беа изнесени на импровизирани носилки, видливо исцрпени и носејќи заштитни маски, објави Ројтерс. Ла Гваира е најтешко погодената област по земјотресите во средата, во кои загинаа најмалку 1.450 луѓе, а илјадници

Николоски: Следува најголемата реформа во Железницата, потпишан грант со Светска банка

Имаме јасна визија за комплетна промена на железничкиот сообраќај. Ако наследивме претпријатија на раб на пропаст и пред банкрот, сега имаме карго сообраќај кој бележи сериозен раст, имаме раст на број на
Go toTop