Прв голем успех на Москва од летото? Шефот на Вагнер објави фотографии: Соледар е наш

January 11, 2023
2 mins read

Пригожин објави фотографија на која е во воена униформа опкружен со борци на групата Вагнер за време на пауза во борбените операции, но не прецизираше каде е направена фотографијата

Командант на руската паравоена група Вагнер утринава потврди дека неговите борци го освоиле украинскиот град Соледар по интензивни борби, но додаде дека „градските борби“ продолжуваат.

„Војниците на Вагнер ја презедоа контролата врз целата област Соледар“,

објави Евгениј Пригожин преку социјалните мрежи, но неговата изјава дека се уште се водат борби во градот го покренува прашањето до кој степен тие го контролираат градот.

Пригожин понатаму изјави дека „бројот на затвореници“ ќе биде објавен во среда.

Украина објави дека нејзината армија се уште се противи на руските напади врз Соледар, град во провинцијата Донецк, на околу 15 километри од Бахмут, кој Русија се обидува да го освои со месеци.

Пригожин објави фотографија на која е во воена униформа опкружен со борци на групата Вагнер за време на пауза во борбените операции, но не прецизираше каде е направена фотографијата. Руската новинска агенција РИА Новости објави уште една фотографија на Пригожин со борците и напиша дека е направена во рудниците за сол во градот Соледар.

Пригожин изјавил дека Соледар бил освоен „исклучиво“ од членовите на Вагнер. Влијанието на Пригожин и неговата платеничка група Вагнер значително порасна од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Доколку се потврди падот на Соледар, тоа би бил најважниот руски успех од август, по серијата понижувачки порази во втората половина од минатата година. Руските сили со месеци се борат за блискиот Бахмут, неколку километри југозападно. Двете страни имаат огромни загуби.

Москва тврди дека заземањето на Бахмут би било важен чекор кон преземање целосна контрола врз Донецката област, една од четирите провинции што ги анектираше пред два месеци. Пригожин објасни дека заземањето на Соледар е важно поради мрежата на подземни рударски тунели во кои може да се запре напредувањето на пешадијата и тенковите.

Украинскиот воен аналитичар Олех Жданов, претходно ги опиша сите ужаси од војната во Бахмут и Соледар, каде што се водат најкрвавите битки во Украина.

„Толку многу се оставени на бојното поле… мртви или ранети“, рече тој на Јутјуб. „Тие ги напаѓаат нашите позиции во бранови, но ранетите обично умираат таму каде што лежат, поради студ или загуба на крв. Никој не доаѓа да им помогне или да ги земе мртвите од бојното поле“,

додаде тој.

Претставник на Белата куќа минатата недела изјави дека Пригожин најверојатно сака да ја преземе контролата врз рудниците за сол и гипс во областа од комерцијални причини.

Британија: Русите веројатно го зазедоа Соледар, нивниот најголем успех од август

Велика Британија вчера објави дека Русија најверојатно го зазела Соледар. Британското Министерство за одбрана објави дека руските војници и платениците на Вагнер најверојатно ја презеле контролата врз Соледар, каде се наоѓаат рудниците за сол, по четири дена напредување.

Доколку биде потврдено, тоа ќе биде најважниот руски успех од август, по серијата понижувачки порази во втората половина од минатата година, соопшти Британија.

„Руската насока преку Соледар е многу веројатно обид да се опколи Бахмут од север и да се нарушат украинските линии на комуникација“,

соопшти британското Министерство за одбрана на краткиот дневен брифинг.

Зеленски: Вака изгледа лудилото

Во своето ноќно обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски им се заблагодари на „херојските“ бранители на Соледар, но не даде никакви ажурирања за воената ситуација. Зеленски рече дека украинските војници трпат „нови и уште пожестоки напади“ врз градот. Тој рече дека руските сили претрпеле големи загуби во битката.

„Областа кај Соледар е покриена со трупови на напаѓачите… вака изгледа лудилото“,

рече Зеленски.

Тој додаде дека градот е целосно уништен и дека украинската отпорност купила „дополнително време и сила“ за украинските сили.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

За амбасадорувањето на Димовски во Париз нема да се одлучува на посебен состанок, туку на редовни консултации

Следно

Полициски час во Перу по серијата насилни протести

Latest from Blog

Нивото Охридското Езеро десет сантиметри над просекот за ноември

Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693.39 метри надморска височина или десет сантиметри над просекот за месец ноември. Нормализирањето на водостојот секако е последица на обилните врнежи

ВЛЕН: Нови политики што носат вистинска вредност за земјоделците

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Албрим Хоџа учествуваше на отворањето на „Денови на Вардар 2025“, настан што обедини повеќе од 100 претставници од институции, организации и експерти кои дискутираа за современи

Нов покрив за битолското училиште „Св. Климент Охридски“ со поддршка од Јапонија

Завршена е целосната реконструкција на кровната конструкција на ООУ „Св. Климент Охридски“ во Битола, со што значително се подобрени условите за одвивање на воспитно-образовниот процес во училиштето. Проектот, вреден 80.314 евра, опфати
Go toTop