Промоција на книгата „Гаја и градината“ во МКЦ

May 15, 2023
1 min read

 Вечерва (15.05.2023 г. во ЈУ Младински културен центар (МКЦ) со почеток во 19 часот ќе се случи втора по ред промоција на книгата „Гаја и градината“.

 

Книгата е заедничко дело на Ева Божиновска, авторка на текстот и ученичка во С.У.Г.С.,,Никола Карев” во Скопје, како и авторките на илустрациите Елена Апостоловска, Мирјана Спасоска и Јана Стефановска, ученички во втора година во средното уметничко училиште ДСУЛУД ,,Лазар Личеноски” во Скопје на Одделот за мултимедија. 

Текстот на Ева Божиновска зборува за враќањето кон природата и вредностите на градинарството во еден дистописки урбан свет. 

Книгата е заедничко издание на ЈУ Младински културен центар (МКЦ) и Проектниот простор Прес ту егзит од Скопје. Уредници на книгата се Христина Иваноска и Јане Чаловски, а графичкото уредување е на Русе Арсов. Ментори во проектот беа Душица Димитровска (илустрација), Хајан Алхалаби (пермакултура), Кристина Горовска (графички дизајн), Илиана Петрушевска (визуелна уметност). 

Книгата „Гаја и градината“ е резултат на активното вклучување на младите во креирање на содржина на грижлив пристап кон природата преку интердисциплинарна едукативна програма. 

Финансиска подршка за проектот е обезбедена од годишната програма на Проектниот простор Прес ту егзит насловена „Недисциплинирано: Интердисциплинарни модели на истражувачка уметничка практика“ и меѓународниот проект „Big Time Takeover“ под водство на МКЦ и координација на Маргарита Арсова, во рамки на Ерасмус + програмата за соработка и инвовација и размена на добри пракси на Европската унија за стратешки партнерства, кои вклучуваат образовни програми за млади. 

Од самиот почеток МКЦ соработува со уметниците Христина Иваноска и Јане Чаловски со цел да развие современ интердисциплинарен, уметнички и едукативен концепт и програма, која ќе ги опфати сите клучни цели и насоки на проектот. Од овој дијалог произлезе проектот „ГРАДИДНИНА: Градината како инструмент, пермакултура како методологија“ развиен во соработка со Хајан Алхалаби, познавач во областа на пермакултурата и соработник на граѓанската иницијатива „Бостание“, кој е вклучен како експерт и едукатор во создавање на првата институционална пермакултурна градина во Скопје.

„ГРАДИДНИНА“ има за цел да ги поттикне младите (на возраст од 14 до 18 години) во три клучни области: 1. креативно изразување преку уметнички пристап кон природата, 2. користење дигитални алатки во процесот кон пермакултурното градинарство, и 3. развивање одговорност за својот посед и принос од работата. Главната цел е воспоставување на холистичка синтеза од различни пристапи за креативно поттикнување на младите, инспирирани од големото искуството на партнерите во проектот на локално, регионално и национално ниво.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонските фудбалери во септември против Бугарија на стартот во Лигата на нации

Следно

Лапорта: Сакаме да го вратиме Меси

Latest from Blog

„Пајакот“ е екстрадиран во САД- терористот со години беше под заштита на претседателот на Колумбија

Џовани Андрес Рохас се соочува со обвиненија за трговија со дрога и тероризам во Соединетите Држави. Со години, тој беше портпарол и еден од водачите на Командос де ла Фронтера, бунтовничка организација

Социјалните мрежи вријат: Се бараат оставки, се повикува на бојкот … (Фото)

Македонија загуби со 2-0 на гостувањето кај Словенија, што за нашата репрезентација е десетти меч без победа во серија. Дополнително, 607 минути немаме постигнато гол. Тоа беше доволна причина да „зовријат“ социјалните

ВИДЕО | УЖАС НА ТВ ЕКРАНИТЕ: Автомобил удри девојче додека ТВ екипа снимаше во живо во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска. На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го
Go toTop