Производство на гранати по теркот на ковид-вакцини, ЕУ бара начин за обнова на потрошениот арсенал

February 18, 2023
1 min read

Европската унија има намера да ги здружи силите со домашната одбранбена индустрија за да го забрза и зголеми производството на муниција и така да ги пополни магацините кои се веќе празни поради војната во Украина.

Зборувајќи на Минхенската безбедносна конференција, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен предложи ЕУ да го направи она што го направи за време на пандемијата со таа разлика што наместо огромни колични вакцини сега би се произведувале гранати и друг вид муниција.

Финската премиерка Сана Марин и Урсула фон дер Лајен на Минхенската безбедносна конференција

„Можеме да размислиме, на пример, за напредни купопродажни договори кои и даваат можност на одбранбената индустрија да инвестира во производствени линии за да биде побрза и за да ја зголеми количината на муниција што може да ја испорача“,

рече шефицата на ЕК.

Фон дер Лајен аргуемнтираше дека ЕУ не може да чека со месеци и години за да ги надополни сопствените воени резерви или за да испрати дополнителни количини муниција во Украина.

„Сега е време, навистина, да се забрза производството и да се зголеми производството на стандардизирани типови муниција кои очајно и се потребни на Украина“,

порача Фон дер Лајен.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Столтенберг во Минхен се сретна со премиерот на Шведска и претседателот на Финска

Следно

Италија ќе се соочи со голема суша поради мали врнежи во текот на зимата, областите околу реката По веќе се исушени

Latest from Blog

Божиновска: Со Србија, Грција и Бугарија ја продлабочуваме регионалната енергетска соработка

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска учествува на Вториот министерски самит во Белград, каде со колегите од Србија, Грција и Бугарија разговара за конкретни чекори за зајакнување на

ЈУЖНА КОРЕЈА МЕЃУ КИЕВ И МОСКВА: Трговија со гориво зад грбот на санкциите

Гориво од Јужна Кореја стигнува до Русија – делумно преку танкери под санкции – во време кога Москва се соочува со недостиг на залихи поради војната во Украина. Анализата на пристанишните евиденции

Овации и бис за македонскиот тенор Ѓорѓи Цуцковски на фестивалот „Due Siciliae“

Со арии од „Тоска“, „Вертер“ и „Турандот“, Ѓорѓи Цуцковски се претстави на две концертни вечери на меѓународниот фестивал „Due Siciliae“. Македонскиот тенор, според неговото сведоштво, на двата настапа беше награден со бурни
Go toTop