Screenshot

Проданоски: Прилеп останува посветен на еднакви можности за секое дете

September 15, 2026
1 min read

Во ООУ „Климент Охридски“ во Прилеп е ставена во функција новата, современо опремена сензорна соба и дефектолошките кабинети во рамки на Центарот за поддршка во училиштето.

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека станува збор за значаен чекор кон создавање подобри и поинклузивни услови за децата со попреченост и посебни образовни потреби.

Просторот е опремен со современи средства и е наменет за обезбедување соодветна стручна поддршка, со цел децата полесно да учат, да се развиваат и да ги реализираат своите потенцијали.

Проданоски посочи дека реализацијата на ваквите проекти покажува колку е значајна соработката меѓу општествено одговорните компании и локалната самоуправа.

„Општествената одговорност има најголема вредност кога е искрена и преточена во конкретни дела. ‘ВИК’ е пример за компанија која покажува дека грижата за средината во која работи и создава е подеднакво важна како и успешното работење“, истакна Проданоски.

Според него, Прилеп е најинклузивната општина во Македонија, но тоа не треба да биде само признание, туку и обврска за продолжување со создавање еднакви можности за сите деца.

Во Општина Прилеп има повеќе од 200 деца со посебни образовни потреби, поради што, како што нагласи Проданоски, потребно е постојано унапредување на условите во образовните институции.

„Нашата обврска е да создадеме услови секое дете да биде прифатено, поддржано и вклучено“, порача градоначалникот.

Проданоски најави дека Општина Прилеп ќе продолжи да работи на подобрување на условите за децата и развој на инклузивни услуги, со цел секое дете да има можност за квалитетно образование и целосно учество во општеството.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска: Нема да дозволиме јавниот интерес и животната средина да бидат ставени во втор план

Latest from Blog

Божиновска: Нема да дозволиме јавниот интерес и животната средина да бидат ставени во втор план

Во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска беа презентирани резултатите од независната експертска ревизија на Предлог-законот за геологија и Предлог-законот за рударство, со која се потврдува дека предложените законски решенија

Тоневски: Инвестираме во подобри услови за учениците и спортот во Пробиштип

Општина Пробиштип ќе реализира значајна инвестиција во СОУ „Наум Наумовски-Борче“, со која ќе се подобрат условите за учениците и наставниот кадар, како и спортската инфраструктура во училиштето. Како што информира градоначалникот на

Ким Џонг Ун испрати порака до Путин: Цврсто стоиме покрај вас во светата војна против Украина

Вчера, Ким испрати одговор на честитката од Путин по повод 78-годишнината од основањето на Северна Кореја. Притоа, тој ја истакна цврстата решеност на Пјонгјанг да развива сеопфатна соработка со Русија, заснована на

Музика, улични изведби, базар и детски работилници на „Звуците на културата во Ѓорче 2026“

Во рамките на „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“, продолжува манифестацијата „Звуците на културата во Ѓорче 2026“, која носи програма наменета за посетители од различни генерации. „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“
Go toTop