Проблем за ПСЖ: Еден од клучните фудбалери се повреди и нема да игра против Барселона

October 18, 2026
1 min read
ПСЖ ќе биде ослабен за дуелот со Барселона во Лигата на шампионите, откако Нуно Мендеш заработи повреда на левиот бутен мускул и ќе отсуствува во наредните неколку недели.

Португалскиот лев бек се повреди во саботната победа на ПСЖ од 3:1 против Стразбур. Мендеш влезе во игра во 53-тата минута, но мораше да го напушти теренот пред крајот на натпреварот.

Првичните информации беа охрабрувачки, но медицинските прегледи покажале дека станува збор за мускулна повреда, објавија француските медиуми. Клубот официјално потврди дека дефанзивецот ќе биде надвор од терените во наредните недели.

Неговото отсуство е сериозен удар за ПСЖ пред дуелот со Барселона, закажан за вторник од 21 часот на „Паркот на принцовите“.

Извор: sportmanija.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски: „ЧЕ ТРЧАМЕ“ беше вистински празник на спортот во Прилеп

Следно

Трамп му дава безусловна поддршка на Нетанјаху: „Тој беше силен, храбар и брилијантен“

Latest from Blog

Трамп му дава безусловна поддршка на Нетанјаху: „Тој беше силен, храбар и брилијантен“

Поддршката на Трамп за Нетанјаху „Биби Нетанјаху беше силен, храбар и брилијантен соочен со огромен отпор – вклучително и отпор од внатрешноста на самиот Израел“, напиша Трамп во објава на платформата „Truth

Проданоски: „ЧЕ ТРЧАМЕ“ беше вистински празник на спортот во Прилеп

Над 1.100 учесници беа дел од годинашното издание на спортската манифестација „ЧЕ ТРЧАМЕ“ во Прилеп. Градоначалникот Дејан Проданоски упати честитки до учесниците и организаторите, оценувајќи дека настанот поминал во атмосфера исполнета со

Пезешкијан: Иран никогаш нема да попушти пред претераните барања на САД

Пезешкијан ова го порача за време на виртуелен состанок посветен на разгледувањето на кандидатурата на Мехрдад Ахлаги Кетабчи за нов министер за одбрана на Иран, објавија иранските медиуми.  Пезешкијан нагласи дека на

Меџити: Поддршка за занаетчиите и зачувување на духот на Старата скопска чаршија

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, најави продолжување на институционалната поддршка за Старата скопска чаршија, со акцент на зачувувањето на традицијата, промоцијата на културата и развојот на локалните

Јунајтед продолжува по старо: Шестти меч по ред без победа за „црвените ѓаволи“ (Видео)

Серијата без победа за Манчестер јунајтед продолжи и на гостувањето кај Лидс, па „црвените ѓаволи“ веќе шестти меч по ред не знаат за триумф. Избраниците на Мајкл Карик последната победа ја забележаа
Go toTop