Приватните превозници од понеделник се вклучуваат во сообраќај, но не со целиот капацитет

November 23, 2024
1 min read

Од понеделник во јавниот градски превоз се вклучуваат и приватните превозници, но не со целиот капацитет. Нивни претставници денеска изјавија дека во сообраќај ќе се вклучат оние превозници кои имаат финансиски можности. Апелираат до градоначалничката на Град Скопје, советниците и Владата на заеднички состанок да најдат заеднички прифатливо решение за нивното барање за зголемување на цената за изминат километар.

– Приватните превозници ќе го дадат својот максимум од понеделник односно ќе се вклучиме во раните утрински часови онолку колку што можеме, не со целиот капацитет со цел за неколку дена да им излеземе во пресрет на граѓаните во градот Скопје. Воедно, ја користиме оваа прилика да се обратиме до сите советници во Градот Скопје – Ве молиме со консензус да изгласате покачување на цената за изминат километар со цел подобрување на состојбата во јавниот градски превоз. Со покачена цена се обврзуваме да го обновиме нашиот возен парк со еколошки климатизирани автобуси, изјави денеска Јовица Зафировски.

Тој посочи дека приватните превозници имаат 200 автобуси и дека може да го покријат недостатокот на авотбуси во УЈП доколку се најде заеднички прифатливо решение со Градот.

– Ние имаме 200 автобуси, можеме да го покриеме недостатокот на автбуси од ЈСП и целата криза ќе заврши многу брзо. Ќе оставиме простор на состанокот да видиме какви се можностите на Град Скопје, рече Зафировски.

Проблемот со јавниот градски превоз кулминираше во четвртокот откако поради недостиг на нафта, поголем дел од автобусите на ЈСП останаа паркирани во нивните бази. Во сообраќај беа пуштени 25 автобуси кои работат на приорден гас и уште неколку кои имаат резерва на нафта. Вонредна седница одржа Владата на која беше донесена одлука да се интервенира со нафта од државните резерви со што автобусите имаат нафта за седум дена. Вонредна седница истиот ден одржа и Советот на Град Скопје на која беше поздравена одлуката на Владата за позајмување на нафта од државните резерви за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) и воедно, побараа заедно во координација со ЗЕЛС, да продолжат разговорите со Град Скопје за нормализирање на состојбите во градот.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ утре на 30-тиот Конгрес на партијата ќе избира ново раководство

Следно

Зошто беше спречен концертот на „Танец“ во 2006 година?

Latest from Blog

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер се сретна со Путин

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер денес се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, објави руската државна новинска агенција Интерфакс. Помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, рече дека приватната средба била „добра и пријателска“,

Ѕвзеда на Никс со забелешка за новинар: Арсенал загуби во финале, зошто го носиш тоа ѓубре?

Фото: Њујорк Х Одличниот бек на Њујорк Никс, Џош Харт, изненади со својата реакција на новинар кој носеше ознаки на англискиот фудбалски клуб Арсенал. „Знаете дека Арсенал го загуби финалето на Лигата

HUAWEI или Брисел? Еве кого одбраа Германија и Шпанија, ЕУ единството на испит

Германија и Шпанија се главните противници на плановите на Европската комисија да им забрани на кинеските добавувачи на технологија како што се „Хуавеј“ и „ЗТЕ“ пристап до европските телекомуникациски мрежи преку нови
Go toTop