Божиновска: Стопанската комора ќе се вклучи во подготовката на новата Стратегија за енергетика

October 20, 2026
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, на која се разговараше за имплементацијата на Стратегијата за рударство, подготовката на новата Стратегија за енергетика и унапредувањето на законската регулатива во областите во надлежност на Министерството.

Во фокусот на разговорите беше Стратегијата за рударство и нејзината имплементација, за која претседателот Азески ја потврди поддршката на Стопанската комора и бизнис-заедницата. Беше истакната важноста од соработка меѓу институциите и стопанството за спроведување на стратешките определби и создавање услови за одржлив развој на рударскиот сектор.

Посебно внимание беше посветено и на подготовката на новата Стратегија за енергетика на државно ниво. Стопанската комора изрази подготвеност да учествува во овој процес, заедно со меѓународните партнерски организации. Притоа, беше нагласена потребата стратешките насоки во енергетиката да одговорат на новите трендови, технолошките промени и актуелните потреби на стопанството, со цел воспоставување функционален систем што ќе го поддржи економскиот раст и развој на државата.

На средбата се разговараше и за можностите за развој на автомобилската индустрија, со посебен акцент на намалувањето на емисиите на штетни издувни гасови и унапредувањето на квалитетот на воздухот. Министерката Божиновска посочи дека просечната старост на возилата во државата е околу 20 години, додека бројот на електрични возила и инфраструктурата за нивна поддршка се ограничени. Воедно, беше отворено прашањето за потребата од постепено усогласување со современите европски стандарди за емисии и создавање услови за развој на електричната мобилност.

Соговорниците ја потврдија подготвеноста за продлабочување на соработката и во унапредувањето на законската регулатива за јавно-приватно партнерство и концесии, области во кои придонесот на бизнис-заедницата е значаен за креирање функционални и применливи решенија. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува да ја унапредува соработката со Стопанската комора и стопанството, со цел доследна имплементација на стратешките документи, подобрување на законската рамка и создавање услови за одржлив економски развој.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски: Прилеп ќе добие обновена спортска сала со 1.959 седишта

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп ќе добие обновена спортска сала со 1.959 седишта

Општина Прилеп ги завршила потребните административни процедури и активности за целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“, со што се создадени предуслови за реализација на проектот, информира градоначалникот Дејан Проданоски. Планираната инвестиција изнесува

Проданоски: Четири милиони денари за нов простор за игра на децата во населбата „Типски“

Ново детско игралиште е изградено во прилепската населба „Типски“, со инвестиција од четири милиони денари и поддршка од Министерството за спорт преку владиниот повик за децентрализација на средствата, информира градоначалникот Дејан Проданоски.

Се шират шпекулации дека Ким Џонг Ун е мртов. Северна Кореја објави нови негови фотографии.

На фотографиите се гледа како Ким разгледува детски обувки и женска облека. Оваа објава доаѓа во време на шпекулации за здравствената состојба на 42-годишниот лидер и за можна криза околу наследувањето на

Николоски: Новиот оператор „4iG“ ќе користи сателити на Илон Маск за мобилно поврзување

Новиот мобилен оператор „Оне Македонија“, дел од унгарската групација „4иГ“, планира да ја користи сателитската мрежа Starlink на компанијата „Спејсекс“. Ова го најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервју
Go toTop