Превирања во ЛДП – Зајкова тврди дека настапува независно и со свои политики, крилото што бара промени утре на трибина во Битола

November 22, 2024
1 min read

Претседателката на Либерално-демократската партија Моника Зајкова вели дека партијата дејствува независно и оти тоа може да се заклучи од поднесените закони на ЛДП, од стенограмите, излагањата и гласањата во Собранието.

На новинарско прашање зошто нема писмено известување за независното дејствување на ЛДП, која на изборите во мај настапи во коалиција предводена од СДСМ, Зајкова одговори дека јасно и видливо дека „ЛДП дејствува независно бранејќи ја својата либерално-демократска политика“.

Внатрепартиските превирања во ЛДП почнаа откако иницијативниот одбор за реформи упати критика за според нив непринципиелната и погрешна  политика на претседателката Зајкова да биде дел од власта и наместо почитување на интересот и желбата на граѓаните има само  остварување на желбите и интересите на раководството на партијата.

Иницијативниот одбор за реформи и промени во ЛДП утре ќе најавува трибина во Битола.  Зајкова неодамна во изјава за ТВ 24 посочи дека Централниот одбор на партијата веќе заседавал и дека идните чекори биле договорени, но и дека мора да има одговорност за лошите наративи и прозивки упатени кон неа а доаѓаат од одредени сопартиици но и лица кои како што рече немаат врска со партијата.

Она што е актуелно деновиве на политичката сцена е наметнувањето на прашањето дали владата со ваквите коалициски превирања кај одредени опозициски партии може да стигне и до двотретинско мнозинство откако претходно и Мендух Тачи го напушти европскиот фронт, а Зајкова веќе најавуваше дека е спремна да даде поддршка на Мицковски околу идејата за уставни измени со одложено дејство или тоа да биде државен став и позиција.

 

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Фигеиредо и Петров добитници на наградите за животно дело од ИОК

Следно

Таеквондистот Теодор Стојановски на прием кај министерот за спорт, Борко Ристовски

Latest from Blog

Марјан Ѓорчев во Отворено: Извештајот говори и дека уставните измени треба да се спроведат

Поранешниот пратеник Марјан Ѓорчев во Отворено рече дека изјавата дека македонискиот јазик е цементиран не е точна. Според него за да македонскиот стане официјален јазик во ЕУ треба да биде објавен во

Претседателот Ердоган се сретна со американскиот претседател Трамп

ХАГ (АА) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп, известува Анадолу. Претседателите Ердоган и Трамп се сретнаа по ручекот што го приредија холандскиот крал Вилем-Александар

Прекин на огнот меѓу Иран и Израел – до кога ќе трае?

Иранскиот Врховен совет за национална безбедност соопшти дека е донесена „национална одлука за прекин на огнот“ против, како што го нарекуваат, „ционистичкиот непријател и неговите поддржувачи“. Во соопштението се наведува дека иранските

Ѓорчев во Отворено: Извештајот говори и дека уставните измени треба да се спроведат

Поранешниот пратеник Марјан Ѓорчев во Отворено рече дека изјавата дека македонискиот јазик е цементиран не е точна. Според него за да македонскиот стане официјален јазик во ЕУ треба да биде објавен во

Муцунски во интервју за ТВ21: Бугарија навлезе во руски наратив кој има цел дестабилизација на регионот

НАТО постои веќе повеќе од 75 години и никогаш порано немало сомнение дека сојузниците можат да сметаат едни на други. Сè до сега. Американскиот претседател Доналд Трамп отворено шпекулира дека земјите-членки на
Go toTop