Претседателот на руската Дума предлага забрана на активностите на МКС во Русија

March 25, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Русија би требало да воведе закон со кој би се забраниле активностите на Меѓународниот кривичен суд (МКС) во земјата и соработката со судот да биде казнива, рече денес висок руски функционер, известува Анадолу.

„Неопходно е да се изработи амандман кој забранува каква било активност на МКС на нашата територија, како и казни за каква било помош или поддршка на МКС“, објави на социјалната мрежа Телелеграм Вјачеслав Володин, претседателот на руската Државна дума, долниот дом на рускиот Парламент.

Судот со седиште во Хаг неодамна издаде налог за приведување на рускиот претседател Владимир Путин поради наводните воени злосторства во Украина.

Додека Киев и неговите западни сојузници го поздравија таквиот чекор, Русија ја отфрли одлуката, наведувајќи дека не ги признава надлежностите на МКС и од таа причина неговите одлуки ги смета за неважечки.

Володин потсети на законот усвоен во САД 2002 година, според кој ниту еден американски државјанин или сојузник не може да биде приведен или затворен по налог на МКС.

Тој рече дека законот дури дава овластувања САД за започнат воена операција за спасување на кој било американски припдник на воениот персонал, функционер или политичар кој е приведен од страна на МКС, поради што овој американски закон разговорно се нарекува и „Закон за инвазија на Хаг“.

Володин повика на билатерални договори со пријателските земји за меѓусебно одбивање на соработка и помош на МКС.

„Рускиот врховен командант треба да има право да преземе каква било акција со цел да ги заштити нашите граѓани од одлуката на меѓународните организации што се во спротивност со руските уставни норми“, додаде Володин.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Зеленски предупреди: Не се работи само за нас, ако ние паднеме, Русија ќе продолжи понатаму

Следно

Најмалку 23 загинати во торнадo и силна бура во Мисисипи

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop