Претепан поранешниот грчки министер Јанис Варуфакис

March 11, 2023
1 min read

Поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис во петокот вечерта бил нападнат и претепан од група маскирани лица пред ресторан во анархистичкиот кварт во Атина, по што бил пренесен во болница, каде било утврдено дека му бил скршен носот, објавија во саботата грчките медиуми.

Шеесет и едногодишниот претставник на левичарската опозиција најпрвин бил навредуван од група од дваесетина луѓе пред ресторанот, каде што вечерал со приврзаниците на неговата партија Мера25. Варуфакис потоа отишол до влезот на ресторанот за да разговара со нив, но потоа неколку маскирани лица го нападнале, го фрлиле на земја и почнале да го удираат со клоци по телото и лицето, пренесуваат грчките медиуми.

По нападот, Варуфакис бил пренесен во болница, каде што било констатирано дека му е скршен носот.

Варуфакис на Твитер изрази благодарност за солидарноста што ја добил по нападот.

Тој ги негирал информациите дека напаѓачите биле автономисти, анархисти или левичари.

Според него, станува збор за однапред ангажирани насилници кои го обвиниле дека среде должничката криза во 2015 година, кога бил министер за финансии, ја продавал Грција на странски земји.

„Тие беа платеници (и така изгледаше) кои невешто ја повторуваа лагата дека сум се продал. Не дозволуваме да не поделат. Напред!“, напишал Варуфакис.

Неговата партија го нарече нападот „дрзок фашистички напад од провокативни насилници“.

Варуфакис веќе бил жртва на сличен напад пред истиот ресторан во 2015 година.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На Западниот Брег израелски војници убија 16-годишен Палестинец

Следно

Авганистан: Во експлозија на бомба загина 1, повредени 8 лица, претежно новинари

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop