Престрелка во Србија: Жена е убиена, петмина се ранети, едно лице с ебори за живот- причината била навивачка кавга

September 30, 2025
1 min read

Операцијата „Вихор“ е во тек и целиот Белград е под опсада на полицијата. Се трага по бело комбе кое превезувало опасни напаѓачи кои најверојатно се вооружени, објави Телеграф.

Мотивот наводно е скриен во кавга меѓу навивачи!

Жената Љ. М. (42) и мажите О. А. (59), Н.Н. (33) и Д.Р. (29) се примени во Ургентниот центар во Белград. Сите се во Ургентниот центар.

– Десетмина од нив излегле од комбето. Пукале кон барот. По пукањето, влегле во комбето и избегале. Моментално се трага по нив. Во барот е пронајден пиштол – вели нашиот соговорник.

Жената која беше убиена и нејзиниот сопруг, за чиј живот се борат во болница, најверојатно се случајни жртви.

Жената Љ.М. има повреда на долниот дел од ногата, О.А. прострелна рана во бутот, Н.Н. (33) и Д.Л. (29) во нозете и глутеусот.

Истрагата ја спроведува Вишото јавно обвинителство во Белград.

Пет лица повредени во пукотницата во Вишњичка Бања денес се примени во Ургентниот центар, од кои едно е префрлено во операциона сала во тешка состојба.

„Едно лице со тешки повреди веднаш е испратено во операциона сала под мерки за реанимација, додека другите лица моментално се во реанимација, а се врши дијагностика и третман на повредите“, соопшти Ургентниот центар.

Едно лице починало во пукотницата што се случи денес околу 14:25 часот во Вишњичка Бања.

Напаѓачот е во бегство, а полицијата ја започна операцијата Вихор 3.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Арсенал и официјално се пофали со новиот договор на Салиба

Следно

Мицкоски: СДС и ДУИ бараат спас во корумпираното судство, тоа им е последно танго за избегнување одговорност

Latest from Blog

Трибините „експлодираа“ кога Ѓоковиќ се појави во Арената во Белград (Видео)

Најголемиот спортист во историјата на Србија, тенисерот Новак Ѓоковиќ, е присутен на натпреварот од првото коло на Евролигата помеѓу Црвена ѕвезда и Жалгирис, кој се игра на „Белградска Арена“. Тој влезе во

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата
Go toTop