Премиера на дуодрмата „Емигранти“ вечерва во Драмски театар

March 18, 2023
3 mins read

Вечерва, на 18 март, во 20 часот, на малата сцената на Драмски театар Скопје премиерно ќе биде изведена преставата „Емигранти“ на славниот полски драматург и сатиричар Славомир Мрожек, а во режија на Зоја Бузалковска. Во дуодрамата играат актерите Дамјан Цветановски и Григор Јовановски.

„Емигранти“ премиерно во Македонија била изведена на 20 март 1992 година, во подрумскиот дел на поранешниот Македонски народен театар (МНТ), сега Национална опера и балет (НОБ). Режисер на претставата бил Владо Цветановски, а играле тогаш младите и невработени актери Сенко Велинов и Ѓорѓи Јолевски. И тогаш, оваа претстава почнала на независна сцена, па била префрлена на сцената на Драмски театар каде што се играла три години.

„Емигранти“ на Бузалковска премиерно била прикажана на 29 декември 2022 година во круг на пријатели. Бузалковска е благодарна на КСП „Јадро“ иницијален носител на проектот и место каде што првпат била прикажана дуодрамата и до Младински културен центар (МКЦ) кој овозможил континуитет на развој и проби на патот до Драмски театар.

Според Бузалковска, големината на автор каков што е Мрожек е дека на многу тешки, сериозни теми, тој зборува на еден многу духовит, приемчив јазик.

Во суштина ова е претстава која отвора многу тешки теми, но на многу лесен, забавен начин. Можеби најблиску е до трагикомедија, во смисла ако се изнасмеете, во следниот момент ќе добиете по муцка. И ако се расплачете, во следниот момент некој ќе ве освести и ќе ви каже не е сè така лошо и ќе почнете да смеете. Вистинскиот клуч е да се зборува за овие теми, да не се заглавиме во некаков ламент, каде што плачеме над својата судбина, над судбината на ликовите, туку да се обидеме да раскажеме нешто што секој да може да се пронајде, а малку и да се и се насмееме на судбината на овие ликови, а можеби и на нашата сопствена, вели Бузалковска.

Бузалковска во проектот влегла многу случајно. На една проба на преставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ Дамјан Цветановски ѝ понудил да работи со него и Григор Јовановски на „Емигранти“.

Многу се израдував, бидејќи се работи за Мрожек, за „Емигранти“, за мене беше чест. Ние ја гледавме на студии, во 1995 година, а јас првпат ја гледав во 1992 година, во дискотеката МНТ. На час по режија потоа ги имавме како гости Јолевски и Велинов, кои раскажуваа како ги правеле улогите, како работеле, како двајца актери со тотално различен сензибилитет. Кога Дамјан кажа дека сакаат со Григор да ја работат, за мене беше голема радост. Текстот е актуелен бидејќи живееме во време во кое секој од нас, барем трипати помислил дека и тој треба да стане емигрант, да фати магла. Но, од некоја причина уште сме тука и зборуваме на прес-конференција, рече Бузалквоска.

Актерот Дамјан Цветановски е син на сега веќе починатиот режисер и професор на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) Владо Цветановски и вели дека никогаш не бил толку возбуден за некоја престава како што е сега.

Отсекогаш ‘висела’ во мојата глава таа дуодрама, бидејќи сум слушал за нејзиниот успех, сум ја читал, некако во животот ми се појавувала постојано. Најважно од сè беше потребата јас и Григор да соработуваме во некоја драма, ама имавме потреба од режисер кој ни ги познава сензибилитетите, а Зоја Бузалковска беше единствениот режисер со кој и двајцата сакавме да работиме. Сигурно има значење дека тоа е престава која ја работел татко ми. Се надевам дека ќе сме блиску до таа суштина, бидејќи таа била успешна престава. Не се споредуваме, ова е наша престава и е посебна, рече Цветановски.

Григор Јовановски вели дека и тој бил емигрант во обид во еден момент и дека една случајна средба со Дамјан го натерала да се врати во Македонија.

Живеев надвор од Македонија и кога поради некои обврски се вратив на една недела, се сретнав со Дамјан. Ми рече: Што правиш? Дојди си, ќе си работиме престава! И Зоја ми кажа нешто слично. ‘Григор, штета би било луѓето што треба да се бават со оваа професија да не се занимаваат со неа’. Темата која ја работиме, за жал е многу блиску до нашето општество. Секојденвно сведочиме за млади луѓе кои си заминуваат од државата. Некои од финансиски, некои од политички причини, некои заминуваат за да добијат подобро образование. Сето тоа ни е премногу блиско. За жал, Македонија станува држава на старци и некомпетени луѓе, но нам ни останува да се бориме, да ја менуваме средината на подобро. Ова е нашиот начин, ова е она што ние знаеме да го работиме, рече Јовановски.

Сценскиот дизајн за претставата е на Мартин Манев. Продукцијата, како и дизајнот на плакатот и програмата се на Павле Игновски.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Новиот португалски селектор не се откажува од Роналдо

Следно

Ердоган: Oбезбедивме да се продолжи Договорот за житниот коридор кој истекува на 19 март

Latest from Blog

Започнува поднесувањето на барања за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските стопанства дека е во тек поднесувањето на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за

Барселона ќе мора да ја почне сезоната без Френки Де Јонг

Барселона денес ја потврди сериозноста на повредата на холандскиот интернационалец, Френки де Јонг. Клубот објави дека холандскиот играч за врска претрпел кинење на медијалниот колатерален лигамент на десното колено и, иако клубот

Припадник на ќелија „спијачи“ на Хамас работел во луксузен хотел на Крит- подготвувал напад на крузер

37-годишниот Египќанец од палестинско потекло, идентификуван од медиумите како Мотасема, бил уапсен на почетокот на јуни во туристичкото одморалиште Агиос Николаос во операција на грчките специјални сили, откако неодамна се вработил како

Кумановски села трет ден без струја

Веќе три дена села од кумановско се без електрична енергија. Невремето предизвика сериозни штети. Освен без струја, дел од жителите, немаат ниту вода. Се снаоѓаат како што умеат. Оштетени се куќи, викендици,

Општина Чаир со нова културна иницијатива: Фестивалот „Чаршија“ стартува со богата програма

Во амбиентот на Старата скопска чаршија денеска официјално започна првото издание на Интернационалниот фестивал на музика „Чаршија“, нова културна иницијатива на Општина Чаир, која има амбиција да прерасне во традиционална годишна манифестација
Go toTop