Предвремените парламентарни избори во Бугарија ќе се одржат на 2 април, најави Радев

January 24, 2023
1 min read

Најавените избори ќе бидат петти по ред парламентарни избори во рок од две години, бидејќи по последните избори ниту една пратеничка листа не успеа да формира влада

Претседателот Румен Радев следните вонредни парламентарни избори ги закажа за 2 април.

„Ќе донесам Указ со кој на 3 февруари ќе го распуштам Народното собрание, а на 2 април ќе закажам парламентарни избори“,

рече Радев.

Тој се надева дека преостанатото време ќе го искористат народните избраници во Народното собрание и дека ќе докажат дека борбата против корупцијата и евроинтеграциите се вистински приоритет, а не само предизборни ветувања.

Радев изрази надеж дека до 3 февруари пратениците ќе ги усвојат законите потребни за да се обезбеди ефективно искористување на средствата за помош на Европската унија.

Шефот на државата посочи дека во моментов не може да одговори дали ќе има промени во официјалниот кабинет.

Претходно денеска „БСП за Бугарија“ на претседателот му го врати неисполнетиот трет мандат за формирање влада. Радев потоа одржа средба со раководството на Централната изборна комисија (ЦИК). Организирањето на претстојните парламентарни избори мора да гарантира правичност и транспарентност на гласот и правата на граѓаните, истакна претседателот на средбата. Пред пратениците во Собранието, претседателката на ЦИК Камелија Неикова рече дека ЦИК е подготвена да организира и одржи избори на 2 април.

Најавените избори ќе бидат петти по ред парламентарни избори во рок од две години, бидејќи по последните избори ниту една пратеничка листа не успеа да формира влада.

Бугарскиот претседател претходно изјави дека повторно ќе го именува актуелниот привремен премиер Галаб Донев да ја води земјата до формирањето на новата влада по предвремените избори.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ал-Наср го сака Модриќ, еве колку пари му нуди

Следно

Гроси: Нема воена опрема во украинските нуклеарни централи

Latest from Blog

Општина Битола со признание „Младински пријателски град“ за 2026 година

Општина Битола е добитник на националното признание „Младински пријателски град“ за Пелагонискиот регион за 2026 година, со што е потврдена нејзината посветеност на унапредувањето на младинските политики и создавањето подобри услови за

Тоневски: Пробиштип продолжува со вложувања во комуналната инфраструктура

Во населбата Драч во селото Ратавица се изведуваат градежни работи за изградба на два канализациски крака, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот се финансира со средства од Министерството за транспорт,

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во
Go toTop