Предизборни „патриоти“ – Милевска: Не наседнувајте, „непријателите“ пак ќе седнат заедно после изборите

November 29, 2023
1 min read

реклама


Националистичката реторика која влијае на емоциите на граѓаните не запира и изгледа дека постојано се зголемува како што се наближуваат изборите.  Политичарите главно ја користат во последно време, 6 месеци пред изборите, а оние кои се „палат“ со коментари се граѓаните на социјалните мрежи.

За илустрација, меѓу последните изјави со предрасуди беше и онаа на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Игор Здравковски, кој поддржувајќи го протестот против отворањето на паралелка на албански јазик во Чашка, ги обвини Албанците за „заземање на територии“.

реклама

Од друга страна, претседателот на Беса, Биљал Касами, на денот на албанското знаме и денот кога ја потпишаа соработката во рамките на Европски сојуз за промени, рече дека по Косово, и РСМ ќе стане албанска држава.

„Денеска во Тетово ќе се обединиме Косово, Македонија и Прешевската долина за да ја направиме втората албанска држава Косово, после Косово, зошто да не и Македонија“, вели Биљал Касами..

реклама

А кога сме во Тетово, настаните со крстот во манастирскиот комплекс во Попова Шапка, исто така, беа жариште за кревање националистичка и религиозна прашина.

Како да не беа доволни случувањата во изминатите неколку недели, синоќа некој во дворот на црквата го постави албанското знаме на местото на знамето на МПЦ. Лицето е уапсено  и знамето е тргнато, но овој настан за популизам го искористи директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, чија функција  која ја извршува нема никаква поврзаност со настанот.

реклама

Универзитетската професорка Мирјана Малевска вели дека граѓаните не треба да наседнуваат на ваквите провокации со етнички карактер бидејќи тоа се прави со договор меѓу политичките чинители кои по изборите пак ќе седнат заедно во Влада.

Професорката Малевска вели дека овој претеран предизборен патриотизам воопшто не е добра работа, особено во нашето општество. Овие чувства се намерно засегнати поради гласовите на граѓаните, вели Малевска, додавајќи дека по изборите се ќе се нормализира.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Нема струја за електричниот стол“ на велешкиот театар гостува во Белградско драмско позориште

Следно

ВИДЕО: Неформална вечера на шефовите на делегациите на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје

Latest from Blog

Ливерпул повторно без Гакпо, Баркола доби „зелено светло“ за настап

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC/ Коди Гакпо е под знак прашалник за настап на денешниот натпревар на Ливерпул против Фулам во Премиер лигата. Холанѓанецот го пропушти дуелот со Атлетико Мадрид поради проблем со препоните, а тренерот

Трамп пристигнува во посета на Ирска: Се подготвуваат протести, полицијата е на нозе

Трамп ќе присуствува на состаноци во главниот град на Ирска, Даблин, како и во неговиот голф одморалиште во Дунбег, округот Клер, кој е домаќин на Ирскиот опен. Ирскиот премиер Мајкл Мартин рече

Божиновска за „ТЕССА Енерџи“: Секој нов енергетски капацитет ја зајакнува сигурноста и стабилноста на државата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на новата когенеративна централа на „ТЕССА Енерџи“ во Општина Чаир, на настан на кој присуствуваа и
Go toTop